Левица: Поранешен затвореник стана заменик директор на Затворот „Идризово“

Од:

Новата Влада на ДПМНЕ и ЗНАМ продолжуваат ‘како до сега‘, па наместо изнаоѓање на решенија за проблемите, добиваме кадровски решенија кои ги продлабочуваат истите! По предлог на в.д. директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов (кој противзаконски е назначен на оваа функција), предложен е Ибрахим Ељези за в.д заменик директор на КПД „Идризово“, велат од Левица.

„Ова лице било осудено и лежело повеќе од 4 години затвор за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични супстанци! Кадарот од коалицијата ВРЕДИ, којшто нема ниту соодветно образование, ниту пак исполнува некој од условите за оваа функција, назначен за в.д. заменик директор од Мицкоски, затворската казна ја отслужувал токму во КПД Идризово.

Вчера Левица извести дека лице за кое ДПМНЕ претходно поднело кривична пријава (поранешен член на СДС, а актуелно, член на ЗНАМ) е назначено за директор на КПД Прилеп! Но, не помалку интересно е дека во јавноста кружат видео снимки од новиот в.д. Директор на КПУ затвор Струмица заедно со неговата сопруга (вработена во КПУ затвор Струмица) како барале мито од затворениците за да добијат правна помош и барање за помилување! Овој случај е веќе претходно пријавен во МВР и отпочната е постапка во ОЈО, но сѐ уште нема правна завршница.

Уште во првиот месец од владеењето на ДПМНЕ и ЗНАМ, македонските институции наместо најавените чесни кадри, добија нешто сосема поинакво! При формирањето на владиниот состав, бевме сведоци како Мицкоски во својот кабинет сместува луѓе од поранешни кадри на криминалната влада на СДС, до милионери коишто не знаат македонски јазик. За жал, ова не застана овде, па партиски кадри обвинети и осудени за криминал, противзаконски се назначуваат за директори на различни институции“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Јаневска тврди дека го покачила студентскиот оброк, а студентите и натаму добиваат 140 денари

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Левица: Јаневска избра дрско да лаже или не знае ни колкав износ за студентски оброк исплаќа нејзиното министерство

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот