Левица: Поднесовме пријава до Антикорупциска за соработници на пцујачот Јованчев кои земаат двојни паушали

Од:

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, поднесе пријава до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) против Андон Лазаров и Атанас Ризов, блиски соработници на пратеникот Јованчев. Пријавените лица истовремено извршуваат повеќе функции, што создава судир на интереси и го става под сомнение кредибилитетот на јавните институции во кои се ангажирани.

– Првопријавениот Андон Лазаров е раководител на подружница на АД „Пошта на Македонија“ во Кавадарци и истовремено прецедател на Надзорен одбор во ЈП „Комуналец“ Кавадарци – функција која е неспоива со првата.Второпријавениот Атанас Ризов, ја врши функцијата раководител на подружница на АД „Водостопанство“ – Тиквеш, додека паралелно е и прецедател на Управен одбор во ЈП Комуналец Кавадарци. Ова е директно спротивно на член 44 и член 49 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Согласно Законот, ваквото кумулирање на функции е строго забрането и претставува флагрантно прекршување на правниот поредок. Нашата пријава до ДКСК е заснована на цврсти докази, вклучувајќи официјални документи и изјави, кои го потврдуваат незаконското дејствување на пријавените. Да потсетиме, Јованчев неодамна стана познат по срамниот инцидент со навредите кон сестрата на претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев. Наместо да се посвети на решавање на проблемите на граѓаните, тој ја користи својата позиција за промовирање на лицата во Кавадарци познати како негови потрчковци, кои незаконски, од народни пари, ги полнат своите џебови, притоа бескрупулозно ги злоупотребуваат јавните функции. Уште еднаш покажуваме дека нема да премолчиме пред коруптивните практики на било која власт. Оваа пријава е само дел од нашата посветеност во борбата против злоупотребата на државните ресурси. Левица ќе продолжи со поднесување пријави против сите кои ги злоупотребуваат своите позиции – од највисоките функционери до нивните сервилни потрчковци. Нема да дозволиме паразитите на власта да ја уништуваат државата, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица