Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

Од:

„Под силен притисок од јавноста, Орце Ѓорѓиевски ретерираше и ја повлече скандалозната најава дека од 1 април, сите станари како и физичките и правните лица со издадена дозвола, ќе можат да паркираат исклучиво во зоната за која ја поседуваат дозволата, а во останатите зони ќе мора да плаќаат паркинг по 25 денари од час. До промена на одлуката на Георгиевски доаѓа за помалку од 24 часа и тоа под силен притисок од аеродромци што само уште еднаш покажува дека јавноста доколку е обединета и решена да опстои на своите ставови власта ќе ја промени одлуката донесена на штета на граѓаните“ соопштија попладнево од Левица.

Од партијата велат „Сепак проблемот сѐ уште не е решен. Граѓаните реагираат и најавуваат протести доколку од 1 април стртува зонското паркирање во Реонски центар. Граѓаните бараат зонското да стартува заедно и во Реонски и во Ново Лисиче зашто во спротивно ќе им се создаде уште поголем проблем со паркирање од овој што до сега го имаат. А досега бараат и по половина час паркинг простор за да можат да се вратат дома“.

„Суштината на проблемот останува. Левица цврсто стои на ставот дека зонското паркирање нема да го реши проблемот со недостигот на паркинг места, туку само ќе го префрли проблемот од еден на друг реон. Наместо системско решение и изградба на нови паркинг простори, повторно се нудат административни мерки, нови зони и нови плаќања на товар на граѓаните“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури