Левица: „Патриотите” од ДПМНЕ не гласаа за формирање инспекторат за државни инсигнии

Од:

На последната собраниска седница, владејачкото мнозинство составено од ДПМНЕ, ВРЕДИ, ЗНАМ заедно со ДУИ, не гласаа за Предлог-законот поднесен од пратеничката група на Левица за формирање на Инспекторат за државни инсигнии – орган што конечно ќе овозможеше доследна примена на постоечките закони за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија. Иако законите постојат веќе 27 години, досега не е воспоставен ниту еден реален механизам за нивно спроведување. Секојдневно сме сведоци на нивна злоупотреба, непочитување и деградирање на државните симболи, без каква било санкција или институционална реакција. Предлог-законот предвидуваше формирање на инспекциски орган во рамки на Министерството за правда, кој ќе имаше надлежност да постапува и кон институции и кон физички и правни лица и да изрекува глоби, велат од Левица.

„Непочитувањето на државните симболи не е изолиран инцидент, туку долготолерирана состојба, која директно го нарушува уставниот поредок и ја поткопува интеграцијата на општеството. Одбивањето на овој закон од страна на партиите на власт јасно покажува дека кај нив нема ни волја, ни чувство за државност. Во канцелариите на нивните министри и директори веат симболи на други држави, додека македонското знаме се изоставува.

Со оваа одлука, власта директно се спротивстави на интересот на граѓаните и ги заштити оние што свесно ја понижуваат државата. Наместо да застане во одбрана на достоинството на државата, мнозинството одбра да го блокира единствениот обид да се воспостави институционален надзор и заштита на државните обележја.

Закони без механизми за спроведување се само мртво слово на хартија, а држава која не ги штити своите симболи, го губи и својот суверенитет. Ова е политичка капитулација пред антидржавните структури кои со години се толерирани од власта, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица предлага работниот ден да е шест часа, но да нема намалување на платите

Левица: Јавен повик за пријавување на кандидати за градоначалници

Левица открива рекетарска шема во Пробиштип: Се кратат 10% од платите на рударите за приватни бизниси на ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Левица: Власта троши 450.000 евра за морски плодови и службени патувања додека гласа против минимална плата од 500 евра

А1он

(ВИДЕО) Крмов: Имаме скржава власт која одвои малку пари за настраданите во Кочани

Горан Наумовски

Апасиев: Сите уапсени полицајци се наведени во кривичната пријава против Мицкоски