Левица: Пасокизација на СДС и на меѓународно ниво – Ковачевски понижен од Европските социјалисти

Од:

Меѓународно изолирана и препознаена од Европските социјалисти како партија чија идеологија нема допирна точка со социјална правда и заштита на работниците, СДС во последните недели од нивното криминално владеење со Македонија доживува фијаско и на меѓународно ниво. Влијателниот меѓународен медиум Политико известува дека Димитар Ковачевски и неговите сопартијци Радмила Шеќеринска и Бојан Маричиќ биле понижени на собирот на Партијата на Европските социјалисти во Рим, каде што иако бил поканети, организаторите не му дозволиле да влезе на настанот, велат во писмената реакција од Левица.

– Ова фијаско на СДС е уште една потврда за неспособноста на оваа анти-македонска партија и дека нивната вазална меѓународна политика не придонесува за создавање на меѓународни пријателства и стекнување почит, но и силен сигнал од социјалистичките партии во Европскиот парламент дека овие лажни левичари се разоткриени не само од домашната јавност, туку и во Европа и светот!

На претстојните избори следува почеток на процесот на целосно исчезнување на СДС од политичката сцена во Македонија и нивна пасокизација од страна Левица, како автентична и вистинска левичарска опција, која континуирано продолжува да гради меѓународни пријателства во корист на Македонија и да се вмрежува со бројни сродни политички организиции и партии ширум светот.

Левица учествувала на затворен состанок на парламентарната група на европската Левица и во подготовките за Европскиот форум на прогресивни, леви и зелени сили; сме имале средби со претставници на Ди Линке, Комунистичка партија на Ирска, додека на работни состаноци сме се сретнале со Комунистичка партија на Австрија, независните европарламентарци Клер Дејли и Мик Волас (кои беа и на нашиот Пленум). Соработуваме и со Комунистичката партија на Кина и Комунистичката партија на Руската Федерација – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он