Левица: Палевски во изминативе 23 години можел да биде санкциониран за низа кривични дела

Од:

По три дена од обелоденувањето на грозната вест за двојното монструозно убиство, изразуваме најдлабоко сочуство до семејствата на убиените, во овие црни дни за нив и колективно тешки за целата нација. Воедно, ги повикуваме и апелираме до сите влијателни општествени чинители, пред сè владините функционери, политичките партии, а потоа и новинарите да покажат достоинство во коментирањето и третирањето на овој грозен чин, кој нè скрши сите и да не го користат како алатка за поткусурување – како што тоа го направи министерот за внатрешни работи Спасовски, поврзувајќи го свирепиот чин со политичко-стратешката определба која е против воениот сојуз НАТО, целосно вон контекстот на убиствата и мотивите зад нив, се вели во соопштението од Левица.

„Првообвинетиот Љупчо Палевски во изминативе 23 години можел да биде санкциониран за низа кривични дела како: даночно затајување, нелегално градење, загрозување на безбедноста на државата, фалсификување, нелегално носење на оружје. Но, поради неговата блискост со политичките елити кои ја хранат неказнивоста – правдата никогаш не го стигнала. За жал, на најстрашен начин ги увидовме последиците од неказнивоста и нефункционалноста на институциите, кои се рак рана на македонското општество. Се надеваме дека сторителите на овој траорен настан ќе бидат изнесени пред лицето на правдата и ќе бидат изречени најригорозни санкции“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он