Левица: Овоштарството пред колапс поради вазалната политика и санкциите кон Русија

Од:

Од државниот Завод за статистика излегоа со бројки кои се поразителни за овоштарството во Република Македонија. Домашното земјоделското производство на храна е постојано на удар од оваа ненародна власт, која е во служба на олигархијата и странските интереси, реагираат од Левица.

Во минатата година, забележан е голем пад на извозот на овошје од Македонија и тоа 26%, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Според податоците од ДЗС, вредноста на македонскиот извоз на овошје во 2023 годинаа изнесувала 44,7 милиони евра, што е за 11,5% помалку во споредба со 2022 година (50,5 милиони евра).

106,6 милиони килограми овошје произведено во Македонија лани било извезено на странските пазари, што е за 26% помалку во споредба со претходната 2022 година (144 милиони килограми овошје). Главна гранка од овоштарскиот сектор во Република Македонија е производството на јаболка, при што минатата 2023 година биле извезени јаболка во вредност од 14 милиони евра, што е за 8,2% помалку во споредба со 2022 година (15,3 милиони евра).

Од извозот на свежо грозје лани е остварен приход од 12,9 милиони евра, што е за 21% зголемен од претходната година, но извозот количински е намален за 10% и изнесувал 18,4 илјади тони грозје. Исто така, лани голем пад бележи и извозот на јапонски јаболка, лубеници и други овошја.

Македонското овошје лани се продавало на 40 странски пазари, од кои најголем пазар била Србија, каде се продадени 25,2 илјади тони овошје. Извозот на овошје главно е намалено поради тоа што е исклучен од листата рускиот пазар. Во 2022 година, Русија била најголем извозен пазар со извоз на овошје вредно 12,5 милиони евра, што е очигледно дека губитокот од овој пазар тешко се надоместува.

Санкциите спрема Русија и лошите политики на ЕУ ги донесоа земјоделците во Европа на работ на егзистенција, а за тоа сведочат масовните протести последниве три месеци. Инфлацијата не се смирува и цената на храната расте. Истите проблеми ги делат и нашите земјоделци и граѓаните кои мораат да купуваат екстремно скапа храна од увоз.

Само со развластување на власта на СДС-ДУИ ќе спречиме понатамошна штета на домашното земјоделско производство и ќе ги заштитиме земјоделците од дополнително осиромашување, наведуваат од партијата Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола