Левица отсекогаш била партија на народот, каузата на Левица е борба до конечна победа, истакна Ацков

Од:

Додека трае кампањата ќе бидеме цело време на терен меѓу народот оти Левица отсекогаш била партија на народот. Каузата на Левица е борба до конечна победа, истакна Димче Ацков, носителот на советничката листа на Левица во Велес, на средбата со граѓани во општина Велес, на која присуствуваа и претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов, како и останатите кандидати за советници, се наведува во соопштението на Левица.

Ацков потенцираше дека иако Општина Велес се саморекламира дека има реализирано 400 проекти, тоа тешко дека е остварено, посебно во делот на капиталните објекти. Наспроти тоа, Левица нуди квалитетна програма со мерки и проекти за подобар живот на сите граѓани.

Идните советници од Левица во Советот на Општина Велес ќе продолжат да се борат против непотизмот, против нечесното работење, но и да ги разоткриваат сите аномалии, работејќи за подобро утре на велешани.

Наместо класичен митинг, носителот на листата и кандидатите за советници, во присуство на лидерот Димитар Апасиев, остварија непосредни средби со граѓаните во центарот на Велес.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира