Левица: Орце глуми скромност, а ангажира личен шофер за претседателот на Совет

Од:

Во предлог-одлуката што се достави до советниците на Град Скопје за да се изгласа, особено проблематичен е делот кој предвидува ангажирање возачи за претседателот и секретарот на Советот на Град Скопје. Овој потег најдиректно ја разоткрива контрадикторноста меѓу јавните изјави на градската власт и нивните постапки. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски периодов во јавноста гради имиџ на човек што одбегнува луксуз, не сака непотребни трошоци и самиот се вози. Но, токму оваа одлука оди во спротивна насока. Наместо штедење, се предлага институционализирање дополнителен комфорт за функционеририте и тоа повторно на товар на граѓаните, велат од Левица.

„Парадоксално е што истовремено од Град Скопје се испраќаат пораки за наводна превработеност, а во истата одлука се планираат нови вработувања. Доколку навистина имало „десетина возачи“ како што се тврди, логично е функционерите да бидат сервисирани од постојниот кадар, наместо да се отвораат нови привилегирани позиции.

Граѓаните секојдневно се соочуваат со хаотичен сообраќај, дупки по улиците, нефункционален јавен превоз и го дишат најзагаденот воздух во светот. И додека жителите на Скопје чекаат автобуси кои воопшто не доаѓаат, се вработуваат возачи за функционерите кои ќе ги носат од врата до врата.

Ова испраќа јасна порака дека градот станува сервис за привилегираните, а не за оние што го полнат буџетот. Ваквата предлог-одлука, која се изласа од советниците на ДПМНЕ, покажува дека раководството на Град Скопје живее во паралелна реалност со скопјани. Ако навистина постоеше грижа за јавниот интерес од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓевски, овие привилегии ќе беа укинати а не проширени, и уште помалку предложени за изгласување, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Слава на хероите – Честит Ден на победата над фашизмот

Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон“ е чист зошто ЈСП со месеци го крие?

Предраг Петровиќ

Левица: Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем

А1он

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Левица: Контролори ги казнуваат граѓаните за дефектите на ЈСП – пораката за платен билет стигнува по половина час

Левица му оддаде почит на Гоце Делчев: Неговото дело да биде водилка за политичко делување, а не само протоколарно чествување

А1он