Левица: Орце ги навреди самохраните мајки – АФЖ Левица бара јавно извинување

Од:

Јавноста синоќа беше сведок на навредлив однос кон самохраните мајки и нивните деца од страна на Орце, кандидатот за градоначалник на Скопје од ДПМНЕ. Орце ги омаловажи жените кои секој ден се борат сами, без ничија помош, за да им обезбедат достоинствен живот на своите деца. Навредите на Орце се насочени кон секоја мајка што со ноќи не спие за своето дете и кон секоја жена што се жртвува за да го одгледа своето семејство со чесност и пот, велат од Левица.

„АФЖ Левица ги осудува изјавите на Орце и бара јавно извинување од него! Извинување до сите самохрани мајки, извинување до сите самохрани родители, извинување до нивните деца! АФЖ Левица стои на страната на сите самохрани мајки кои со пожртвуваност го носат товарот на еден систем што ги заборава и понижува – систем чиј прототип се Орце, неговиот арогантен однос и неговите навреди.

Каков градоначалник може да биде човек кој ги понижува најсилните меѓу нас, а тоа се жените кои сами се грижат за своите деца, а животот и теретот на целото семејство го носат на сопствените плеќи? Кој би сакал таков човек како Орце да му биде градоначалник? Самохраните мајки се вистински борци во нашето општество, оставени сами на себе да се справуваат со егзистенцијалните проблеми, а покрај тоа – и нивните деца се приморани од мали да се борат и да работат за да си обезбедат основни услови за живот. Поддршка за сите тие храбри жени и за нивните борбени деца, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Планира ли некој да ја извести Јаневска дека студентскиот оброк, спротивно на Закон, три години не е покачен или свесно продолжува да лаже?!

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево

Левица: Муцунски во Израел ја загрозува безбедноста на македонските граѓани врзувајќи ги со осомничени воени злосторници

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он

Мециновиќ: Eдинствени сме кои можеме да ги мобилизираме и да подадеме рака на сите елементи во општеството

А1он

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка