Левица: Општините кои ги откажаа новогодишните прослави да објават како ги потрошија парите

Од:

„Левица бара локалните самоуправи кои ги откажаа новогодишните прослави да објават јавно и транспарентно каде точно завршија средствата, кои ветија дека ќе ги пренаменат за хуманитарни цели. Да потсетиме, локалните самоуправи на Град Скопје, Битола, Велес и Куманово под притисокот од јавноста најавија дека средствата од новогодишните прослави ќе ги пренаменат за помош на социјално-загрозените граѓани.

Доколку локалните самоуправи одбијат транспарентно да објават каде точно завршија парите на граѓаните, со право може да се смета дека тоа беше само уште еден нивни магионичарски трик, фрлајќи им магла во очите на граѓаните. Доста беше евтиното купување партиски поени! Ако локалните власти мислеа дека јавноста ќе заборави на нивните ветувања, дебело се излажаа. Ветувањето дека парите ќе бидат пренасочени за помош на социјално-загрозените граѓани мора да биде придружено со конкретни чекори.

Сиромаштијата на се’ поголем број граѓани е најголемиот проблем во Македонија. Пренасочувањето на парите од новогодишните прослави сигурно нема да го реши проблемот. Но, притисокот што го изврши јавноста за да дојде до пренасочување на средствата од новогодишните прослави покажува дека народот поседува моќ и таа моќ мора и треба да биде искористена за оние што ја поседуваат политичката моќ конечно да работат во интерес на обичниот човек“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он