Левица: Општината молчи додека „Зимзоленд“ незаконски работи

Од:

Недозволиво и крајно алармантно е што општинските власти и понатаму молчат, иако е утврдено дека објектот „Зимзоленд“ работи без соодветна дозвола. И покрај ова, објектот сè уште е отворен и секојдневно посетуван од деца и семејства, без никаква реакција од општинските власти, велат од Левица.

„Фактот што станува збор за објект наменет за најмладите ја прави состојбата уште посериозна. Наместо итна интервенција и постапување согласно законските обврски, општината избира молк и неактивност, со што директно се доведува во прашање безбедноста на граѓаните, особено на децата.

Законот мора да важи еднакво за сите, без исклучоци и привилегии. Секое одложување на постапката претставува преземање на ризик и префрлање на одговорноста, која во случај на несреќа нема да може да се избегне.

Бараме итна интервенција од надлежните служби и затворање на објектот сè додека не се обезбедат сите потребни дозволи и безбедносни услови. Молкот на општината во вакви случаи ја прави истата соучесник во криминалот, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он

Левица: По скандалот со Македониумот, Оџаклиески ја токми архиварката Стоиловска од ЗНАМ за директор на музејот во Крушево

Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Катерина Ѓуровски