Левица: ОЈО на чело со Абази не реагира за скандалот со Државна лотарија

Од:

По неодамнешниот договор склучен помеѓу сопственикот на „Пуцко Петрол” – Асмир Јахоски и Државната лотарија за изнајмување на објект во Визбегово (во вредност од 2,6 милиони евра) се отвори Пандорината кутија за добиените тендери во Државна лотарија и финансирањето на ДУИ од страна на правни субјекти. Имено, промоцијата и маркетингот на Државната лотарија го работат компании, чии сопственици се во блиски релации со сопствениците на издавачките куќи „Арбериа дизајн“ и „Арс ламина“, се вели во партиското соопштение од Левица.

– „Арбериа дизајн“ е компанија која во 2014 година го доби тендерот за печатење на учебниците по наставната програма Кембриџ за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2015 година, „Арбериа дизајн“ и нејзиниот сопственик Хасим Хамзаи се наоѓа на врвот на донатори во ДУИ. Во јуни оваа година, Државна лотарија склучила договор за јавна набавка со „Арбериа дизајн“ за сума од речиси 288.000 евра. „Арбериа дизајн“ за период од една година ќе работи на ребрендирање на корпоративниот бренд и рекламна кампања за Државна лотарија, а минатата година го доби и тендерот од Министерството за политички систем за организирање на годишнина од прославата на Рамковниот договор вреден над 97.000 евра.

Уште една компанија која се јавува во коруптивната шема е „Литера Груп”. Сопственикот на оваа компанија, Афет Иљази бил главен уредник во издавачката куќа на „Арбериа дизајн“ до 2021 година. Компанијата „Литера“ има добиено седум тендери во Државна лотарија, каде вкупната вредност надминува 283.000 евра. Овие две компании важат за блиски соработници на Артан Груби и неговото измислено Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, кое што претставува извор на партиски вработувања на ДУИ. Компаниите ги добиваат тендерите кога на чело на Управниот одбор на Државна лотарија застанува Перпарим Бајрами, поранешен шеф на кабинетот на Артан Груби. Со ова се затвора кругот на блиски соработници на Груби кои ја финансираат ДУИ, а за возврат добиваат владини тендери.

И наместо ОЈО веднаш да иницира постапка, Обвинителството контролирано од ДУИ, преку Ислам Абази, ја префрла одговорноста на Финансовата полиција. Доминацијата врз правосудниот систем од страна на ДУИ само потврдува дека оваа партија е фактичка власт во Македонија, која неказнето ја разграбува државата, додека пасокизираната СДС е помалиот коалиционен партнер кој ќе ги прифати сите криминали за да ги задржи функционерските привилегии“, тврдат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Нова дивоградба во Чаир узурпира државно земјиште

А1он

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство