Левица: Од „Рекет“ до уставен судија, вчера компромитирана, денес „истакнат правник“ во режија на ДПМНЕ

Од:

ДПМНЕ, партијата што со најголема жестина ја претставуваше Мери Дика Георгиевска како симбол на компромитираното правосудство, денес со сопствени раце ја изгласа за чувар на Уставот. Со изборот на Мери Дика Георгиевска за уставна судијка, ДПМНЕ јавно ги погреба сопствените зборови, прес-конференции и сопствените обвинувања. Потешко политичко самопоништување одамна не е видено, велат од Левица.

– Истата личност која и според реториката на ДПМНЕ беше дел од приказната за „Рекет“, денес магично се трансформира во „истакнат правник“. Не затоа што се смениле фактите, единствено што се смени е фотелјата од која зборуваат. Кога беа опозиција, Мери Дика им беше доказ за распаднатото судство. Денес, кога се власт, истата Мери Дика им е доволно добра да одлучува за уставноста на законите и да ја толкува највисоката правна норма во државата.

Со овој избор ДПМНЕ конечно призна дека никогаш немало проблем со компромитираното правосудство. Имало проблем само со тоа кој управува со него. Денес не го демонтира заробениот систем што сам го опишуваше со години, туку се вселува во него и го присвојува.

Особено поразително е што ова се случува во период кога Уставниот суд веќе го губи и последниот атом од својот авторитет. По две оставки на универзитетски професори за краток временски период, наместо институцијата да се враќа кон неспорен академски и професионален интегритет, ДПМНЕ дополнително ја втурнува во политичката кал.

Најголемиот политички апсурд е што ДПМНЕ денес без збор ја прифати кандидатурата предложена од истиот Судски совет кој со години го прогласуваше за криминализиран, заробен и недостоен за доверба. Остана само молкот на оние кои вчера викаа најгласно, а денес најпослушно гласаат.

Денес ДПМНЕ испрати порака дека политичката меморија трае точно до моментот кога ќе се отвори можност за ново гласање. Сѐ што вчера беше причина за прес-конференции, драматични обвинувања и повици за одговорност, денес е доволно добро за Уставниот суд. Кога власта сама ги урива сопствените критериуми за тоа кој е достоен да биде уставен судија, не може да очекува јавноста да има доверба дека идните одлуки на Судот ќе бидат доживеани како независни и стручни, а не како политички погодни и компромитирани, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски

Левица: Од милионски криминали до обвинение со максимум пет години – ДПМНЕ ја спушти “големата правда” за Груби и ДУИ на ниво на резил

Предраг Петровиќ

Левица: Две години Министерството за култура и туризам нема буџет за поддршка на преводи на македонски книги на странски јазици

A1on

Левица: Двапати ја прогласиле водата во Гостивар за безбедна, никој од здравствениот синџир не е разрешен