Левица: Од кал да е, од ДПМНЕ да е – уште една узурпација на УМС

Од:

Одлуката на претседателката Гордана Силјановска Давкова да формира Совет за млади на прв поглед изгледа како позитивен чекор во решавањето на младинските проблеми. Но, вистината е поинаква. Овој Совет само уште еднаш покажува како УМС ги контролира сите тела што треба да ги застапуваат интересите на младите. Претседателката, која се претставува како надпартиски државник, од оваа позиција ги легитимира овие партиски узурпации, дозволувајќи политичките партии да ги користат младите како алатка за сопствени интереси, велат од Левица.

Именувањето на Лина Рангелова, активен член на УМС, за претседателка, фрла сомнеж дека овие тела не се формирани за да се решаваат вистинските проблеми на младите, туку за партиска узурпација, се вели во партиското соопштение.

„Наместо да се фокусира на реалните потреби на младите, Рангелова продолжува да делува во рамките на партиската матрица, каде членовите на УМС се претставуваат како единствени претставници на младите во земјата. Најиронично во целата ситуација е тоа што Лина Рангелова, која порано изјавуваше дека „младите не гледаат перспектива, бидејќи политиката е навлезена во секоја сфера од општеството,“ сега ја потврдува точноста на овие зборови. Младите навистина немаат перспектива токму поради ваквите партиски игри.

Ако сакаме вистинска промена, мора да создадеме тела кои ќе бидат отворени и транспарентни, каде што сите млади, без разлика на политичка припадност, ќе можат да учествуваат и да влијаат на политиките што ги засегаат. Младите заслужуваат да бидат слушнати и да имаат влијание врз својата иднина, а не да бидат искористени за партиски цели“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

Левица: Центарот за социјални работи во Тетово дувло на криминал и корупција

А1он

Левица: Нова милијарада евра кредит за отплаќање на долг наместо за развој

Левица: Запирање на имигрантските визи од САД – стратешки шамар за домашните вазали

Левица: Предизборна политичка манипулација – Владата на ДПМНЕ ги скрати парите откако истера кампања