Левица: Новогодишната кошничка празна, но полни се џебовите на олигархијата

Од:

Партиите на буржоазијата не смогнаа храброст барем еднаш да спроведат економска мерка согласно потребите на граѓаните. Повеќе од триесет години, СДС и ДПМНЕ се во трка за што поголемо удоволување на клептоманските апетити на домашната олигархија. Се додека стопанските комори ги пишуваат владините мерки, ваквата политика ќе остане непроменета, велат од Левица.

„Инфлацијата се зголемува, куповната моќ се намалува, платата на работничката класа стагнира, а социјалната раслоеност расте. Краткорочните мерки на Владата наместо да ја ублажат инфлацијата, тие долгорочно ги продлабочија џебовите на олигархијата. Инспекторатот и државните служби не покажаа карактер и уште еднаш потфрлија пред енормните профити на трговската мафија.

Од ‘сигурните решенија’ на Владата, единствено е сигурно енормното поскапување на основните производи и рекордна сиромаштија. Уште по иронично е што довчерашната власт на СДС, чија што политика го иницираше поскапувањата и не знаеше како да ги ублажи, сега ја обвинува актуелната Влада за продлабочување на сиромаштијата.

Оттука. евица, како партија која вистински се залага за обичниот човек и работничката класа, предлага:
1. Дефинирање дозволен профит – ограничување на профитот како разлика меѓу влезната фактура и излезната малопродажна цена;
2. Привремено укинување на ДДВ на основните производи;
3. Привремено укинување на царини – за одредени групи производи, со цел намалување на трошоците и стабилизирање на цените;
4. Итна поддршка за домашното производство – преку програми за зголемување на конкурентноста на најдефицитарните производи, чии цени најмногу пораснале.

Очигледно, секоја досегашна власт не само што не сака, туку и не знае како да го подобри животниот стандард на граѓаните. Милионскиот цех од новогодишната кошничка на Мицкоски го плаќаат граѓаните! Затоа, ја повикуваме Владата да не биде слуга на олигарсите и заложник на своите бизнис-партнери и итно и неодложно да ги спроведе, предлог мерките, посочени од Левица, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: За ДПМНЕ доволен е само владин записник за да се исплатат 300 милиони денари за Гета

А1он

Левица: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

А1он

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата