Левица: Нова милијарада евра кредит за отплаќање на долг наместо за развој

Од:

Новото задолжување преку издавање на еврообврзница од една милијарда евра предизвика оправдана загриженост и силни реакции во јавноста, бидејќи повторно се избира модел на финансирање што ја префрла цената на денешните политики врз идните генерации, затоа што веќе знаеме дека значаен дел од овие средства ќе се користи за отплата на стара еврообврзница, а не за нови развојни инвестиции. Иако Владата го оправдува задолжувањето со ʼповолниʼ каматни стапки и стабилен пристап до меѓународните пазари, ваквиот пристап ја потврдува праксата на рефинансирање на стар долг со нов со што ја продлабочува зависноста од задолжување и ја ограничува можноста за вистинска економска и социјална трансформација, велат од Левица.

„Само по основ на камати за ова задолжување граѓаните ќе треба да платат над 267 милиони евра. Дополнителна загриженост и недоверба во јавноста создава и начинот на кој беше искомуницирано самото задолжување, при што министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, првично најавуваше издавање на еврообврзница во износ од 700 милиони евра, потоа таа сума беше зголемена на 950 милиони, за на крајот државата да се задолжи за една милијарда евра.

Ваквото постепено „лизгање“ на износите остава впечаток на отсуство на јасен план, слаба фискална проекција и импровизација во управувањето со јавните финансии при што граѓаните со право се прашуваат дали одлуката е водена од реални потреби и стратегија или од притисокот да се затворат стари долгови по секоја цена без транспарентна и навремена отчетност.

Владата продолжува со трендот на агресивно задолжување без видлива стратегија за продуктивно искористување на средствата. Наместо структурни реформи за зголемување на фискалните приходи, намалување на непотребните трошоци, борба против корупцијата и елиминација на клиентелистичкото трошење, Владата продолжува да го турка товарот врз идните генерации. Ова претставува типичен пример на фискален популизам, каде краткорочната политичка стабилност се купува со долгорочна економска нестабилност!

Левица бара забрана на понатамошно задолжување без јавна дебата, строго ограничување на задолжување само за капитални, продуктивни инвестиции и поврат, преориентирање на буџетот од субвенционирање на странски фирми кон поддршка на домашната индустрија, земјоделството и енергетика како и ревизија на стратешките договори кои ја загрозуваат економската и фискалната независност на државата, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира