Левица: Николоски заборави на истрагата за „Маркоски“ – ДПМНЕ им доделува милионски тендери

Од:

Продолжува праксата на делење тендери на компаниите кои ВМРО-ДПМНЕ во опозиција ги обвинуваше дека се во криминална шема со СДСМ и ДУИ. Таков е случајот и со познатата битолска фирма ,,Маркоски”, која само во последните 4 месеци од минатата година, од РЕК Битола добила тендери во вредност од 2,5 милиони евра, велат од Левица.

„Кога беше опозиција, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски обвинуваше дека се случува историски криминал со тендерите кои ,,Маркоски” ги добива од СДСМ. Додека Николоски на прес-конференции прашуваше колку провизија од тендерите завршува кај тогашната власт на СДСМ и ДУИ, денес токму новото раководство на ЕСМ со директорот Лазо Узунчев дели тендери на оваа компанија.

За криминалот со ископот на јаглен во РЕК Битола нема никаков судски епилог, туку токму тогашниот подизведувач на компанијата ,,Маркоски, охридската фирма ,,Топлина”, денес ги добива милионските тендери за ископ на јаглен. Ова не е прв случај каде тендери добиваат фирми кои ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше за криминал. Ист е случајот и со фирмата ,,Стентон градба”, која доби рекорден тендер од 2,3 милиони евра од министерството за транспорт, токму истата компанија за која ДПМНЕ го повикуваше обвинителството да отвори истрага.

Левица прашува: зошто и после една година власт нема никаква истрага за криминалите на СДСМ со компанијата ,,Маркоски”, иако сегашниот министер Николоски најавуваше дека прв приоритет на новата влада ќе биде одговорност за сите инволвирани во скандалозните тендери со ископот на јаглен?!

Дали и новото раководство на ЕСМ со Лазо Узунчев и РЕК Битола со директорот Тони Петрушевски ја продолжува шемата со криминални тендери, а провизиите од овие тендери завршуваат во џебот на функционери на власта, прашуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира