Левица: Ние сме против штетниот ДУП за „Алумина“

Од:

Во библиотеката „Другарче‘‘ се одржа граѓански собир на кој се разговараше за промените во ДУП-от кај Алумина. На собирот присуствуваа советници од различни советнички групи во Советот на општина Карпош, граѓански здруженија, иницијативи, жители од општината, членови на политички партии, известија од Левица.

„Овој ДУП овозможува, ако сака, целиот простор да го направи со еден голем блок од 35 ката или со повеќе 35 катници, со што целосно би се задушил просторот во тој дел и од ваквото решение штета ќе имаат не само жителите кои ќе живеат во тие блокови туку и целото соседство. Левица како партија која работи за интересот на граѓаните јасно ги детектираа проблемите во урбанистичките планирања како што се носењето на ДУП-овите. Овие проблеми во голема мера произлегуваат од законските одредби кои се кроени во интерес на урбаната мафија, а воедно законската примена е во голем дел и изиграна заради длабоките криминални практики во секој сегмент на урбанизмот, од планирање до изведба.

Истовремено сакаме граѓаните да знаат дека само партија има моќ да ги смени законите и да воспостави цврсти механизми за нивно доследно спроведување. Во таа насока, Левица ќе се насочи кон измена на штетните законски регулативи и правилна примена на истите. Дополнително, на седницата на Советот на општина Карпош кога ќе биде ставена точката за предвидениот ДУП на гласање повторно ја информираме јавноста дека нашата советничка група ќе гласа против вакво штетно решение“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он