Левица: Незаконски изоставен електронскиот приемен испит – СДС-ДУИ вршат криминална селекција на кандидатите за Академијата за судии и обвинители

Од:

Продолжуваат секојдневните коруптивни скандали на озлогласениот двоец СДС-ДУИ. Целосната контрола на хибридниот режим врз правосудниот систем започнува од селекцијата на кандидати на прием во Академијата за судии и обвинители, која во моментот подготвуваат целосно незаконски квалификациски ПИСМЕН испит, иако законот изречно предвидува дека квалификацискиот испит мора да се спроведе електронски – со цел ограничување на човечкиот фактор при селекцијата! Дотолку повеќе, ваквото скандалозно постапување на Академијата е согласно незаконско напатствие од Владата, донесено на тајна владина седница, со што со одлука на Влада противуставно се дерогира закон, се вели во реакцијата на Левица.

„По апсењето на поранешниот владин генерален секретар Драги Рашковски, приемните испити на Академијата за судии и обвинители се спроведуваа по нов електронски систем, над кој очигледно хибридниот режим немал доволна контрола и чиј договор за користење неодамна истече по злонамерно повеќемесечно одложување на полагањата за прием во Академијата. Наместо уредно организирање електронски испит согласно закон, Владата ја има задолжено Академијата да спроведе писмен испит, со што се отвара можност за влијание над резултатите од испитот и местење на конкурсот во корист на кандидати одобрени со тефтерчето на СДС и Ахмети.

Левица посочува дека ова претставува последен очаен обид на СДС-ДУИ, со еклатантно прекршување на законите, да промовираат свои кадри во правосудството, кои по нивниот неизбежен пад по изборите во мај ќе имаат задача да ги заштитат од кривичен прогон и робија! Левица ги повикува надлежните органи веднаш да реагираат со цел да го спречат овој обид за криминална селекција на партиски кадри во Академијата за судии и обвинители и изјавува дека по падот на хибридниот режим ќе бара ваквата селекција да биде поништена и повторена на законски начин, а надлежните кои ова го налагаат и реализираат ќе бидат кривично гонети“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он