Левица: Незаинтересираноста на ЕУ за Македонија е пораз за владејачките елити!

Од:

„Блокирањето на патот кон ЕУ претставува пораз на целиот политичкиот естаблишмент во државата. Тие, „поразените” и безидејни кои се собраа на таканаречена Лидерска средба, не можат да најдат решение, туку изговор пред народот и смисла за нивната понатамошна бесмислена политичка егизстенција во заробената Република!

Но, народот не беше поразен сега! Не смееме да продолжиме да ги колективизираме поразите, а победите да ги приватизираат тие кои одбиваат да понесат одговорност за состојбата на заедницата.

Целиот политички естаблишмент, не само што не ги трпи последиците од нивните расипнички политики, туку, напротив – профитира од таквата состојба! И датумот за отпочнување на преговори со ЕУ е фундаменталистички претставено како решение на проблемите кои токму тие ги предизвикаа, а да го добиевме, тој единствено ќе им послужеше на бизнисмените, транзициските профитери и бирократите блиски до власта“, соопштуваат од Левица.

„Јасно се гледа дека ЕУ е бирократска унија која што го штити капиталот и во нивниот последен извештај, каде што беше испратена критика до македонските власти за недостатокот на напори за приватизација на ЕЛЕМ, а позитивно беа оценети приватизациите на Тутунскиот Комбинат и Еурокомпозит.

АСНОМ-ските вредности на солидарност со сите опресирани народи, колективно поседство на јавните и природните ресурси и политичка власт на работниците се излезот од бедата и сиромаштијата на угнетените, излез на кој политичкиот естаблишмент веќе 30 години ни ја нуди безидејната (но комплетно профитерска) ЕУ алтернатива. Поданичкиот однос спрема шовинистичките политики на странскиот фактор е погубен за Република Македонија и тој ни ги донесе единствено Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, иако ни ветуваа дека со нив мед и млеко ќе тече во Републиката!

Откако ќе ја освои власта, Левица најитно ќе ги раскине овие погубни договори и ќе се заложи за политичко и кривично гонење за сите субјекти кои постапија спротивно на демократски изразената волја на народот, кои ги приватизираа јавните добра и го фрлија народот во беда и кои сервилно играа како што Западот свиреше за лично богатење и просперирање!“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он