Левица: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми”

Од:

Вработените во јавното претпријатие ,,Македонски шуми” три месеци безуспешно се борат да ги добијат своите плати, задолжителните придонеси од плата, теренските додатоци и униформи за работа.

Тие прво штрајкуваа со присуство на работното место, па денес пред просториите на нивната дирекција, а трет чекор ќе биде да излезат пред Владата. Генералниот директор Валентин Груевски од ЛДП и менаџерите на ова претпријатие не понесуваат никаква одговорност за неефикасното работење на ова претпријатие кое тоне во долгови.

Додека безмилосно се касапат македонските шуми и се богати зелената мафија, затоа што Претпријатието не инвестира во нова опрема, сите пари се трошат за создавање неефикасен административен кадар од партиските редови на власта. ,,Македонски шуми” немаат доволно средства за шумски полицајци, додека Претпријатието прима партиски кадри. За расипничкото менаџирање говори скандалот со купувањето нa луксузни службени возила за раководството, додека нема средства за теренски возила, кои се апсолутно потребни во борбата со шумската мафија.

Ова не е изолиран случај само со ова јавно претпријатие, туку стана пракса во изминатите 30 години – јавните претпријатија да бидат најголеми загубари, за да ги задоволат апетитите на клиентелистичката машинерија на секоја власт. Длабоко вкоренатата партизација ги уништува институциите кои треба да се јавен сервис. Но, јасно е дека без партиски вработувања, триото СДС-ДУИ-ДПМНЕ нема како да егзистира на политичката сцена!

Затоа, на престојните избори, македонскиот народ треба, конечно, да стави крај на тридецениското уништувачко владеење на овие партии и, конечно, нови генерации политичари да докажат дека може и мора да се управува поинаку.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Антивладините гласови се со Левица, левиот гласачки спектар се обединува околу нас

(ВИДЕО) Мециновиќ: Противкандидатот се среќава со Меџити, јас со скопјани – од таму ми беше и ќе ми биде поддршката

Горан Наумовски

Мециновиќ: Имаме јасен избор – статус кво или промена која сите заедно ќе ја изградиме

А1он

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – можеби нашата борба е тешка, но е праведна

А1он

(ВИДЕО) Богевски: Мециновиќ влегува во вториот круг, исклучително сме задоволни од резултатите

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски се претставува како патриот, а го издигa иредентистот Касами кој јавно негира македонски национални симболи

А1он