Левица: Нема термини за прегледи за рак на дојка поради катастрофалната состојба во здравството

Од:

Алармантната состојба во здравството, поради катастрофалните политики на власта, ги остави жените без термини за преглед на рак на дојка. Eлектронскиот начин за регистрација за скрининг мамографија на системот “Мој термин” е преполн уште од јули 2023, а до крајот на годинава, нема ниту еден слободен термин! Дополнително, термините за 2024 година воопшто не се пуштени, а министерството за здравство со Меџити нема никаква стратегија како да ги покријат жените кои чекаат со месеци за преглед велат од Левица.

– Мината година во Македонија починале 356 жени од рак на дојка, што е највисока бројка од 2010 година до денес. Иако докторите апелираат дека рана детекција е клучна, жените се оставени на немилост на владините политики, а оние кои можат да си дозволат – спасот го бараат во приватното здравство. Лицемерна е кампањата на владејачката СДС за подигнување на свеста кај жените во борбата против ракот на дојка, додека во реалноста, не функционира системот за рана детекција на ова заболување. Делењето флаери кое за лична пропаганда го вршат СДС и нивниот лидер, нема да го направат „Mој термин” поефективен, ниту жените поспокојни. Празните флоскули обоени во розевата панделка, во време на висока инфлација, на поголемиот дел од жените им влева само повеќе страв. На жените не им е потребна евтина пропаганда, туку обезбедување функционален систем во државното здравство, каде нема со месеци да чекаат термини за преглед! За жал, после скандалот со Клиниката за онкологија, неспособноста на корумпираната власт доведе до највисок број на починати од ова малигно заболување – без ниту еден министер да поведе одговорност, се вели во соопштението од Лица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

Левица: Центарот за социјални работи во Тетово дувло на криминал и корупција

А1он

Левица: Нова милијарада евра кредит за отплаќање на долг наместо за развој

Левица: Запирање на имигрантските визи од САД – стратешки шамар за домашните вазали

Левица: Предизборна политичка манипулација – Владата на ДПМНЕ ги скрати парите откако истера кампања