Левица: Нема поголеми „антиалбанци“ од оние кои за лични интереси свесно ги втурнуваат граѓаните во небезбедност

Од:

Левица ги отфрла обидите на градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, и коалицијата ВРЕДИ да го заменат правниот одговор за сериозни наводи за криминал и корупција со опасна и незрела етничка реторика. Обвинувањата за коруптивни зделки поврзани со дивоградби, фалсификување на исправи, злоупотреба на службената положба се прашања од јавен интерес и не смеат да се релативизираат преку етничкиот наратив, тврдат од Левица.

„Потенцираме дека нема поголема навреда, ниту потешка форма на “антиалбанство”, од втурнување на граѓаните во небезбедни, нелегални услови за живеење, додека истовремено се богатиш на нивна сметка. Тоа не е борба за достоинство и еднаквост, туку свесно изложување на жителите на урбан хаос, ризици и опасно нехумани услови.

Левица отсекогаш била и ќе остане жесток противник и разобличувач на корупцијата и криминалот, без разлика од кого, каде и во чиј интерес се сторени. Граѓаните на Чаир, како и сите граѓани на Македонија, имаат право на безбедна урбана средина, транспарентно управување и градоначалници и функционери кои служат на јавниот интерес, а не на градежните картели и личните бизнис агенди.

Со изјави во кои се изнесуваат неосновани и запалливи обвинувања за “етничко казнување“, Ганиу не само што се обидува да го скрие сопствениот криминал, туку свесно си игра со чувствителни теми, што претставува сериозна закана за јавниот ред и мир.

Го повикуваме Министерството за внатрешни работи и министерот Тошковски итно да реагираат на ваквите изјави, кои претставуваат очигледен обид за предизвикување тензии и дефокусирање од сериозно потенцијален организиран криминал.

Воедно, јавно го прашуваме министерот Тошковски: Кои закони важат за коалициониот партнер на ДПМНЕ? Дали Ганиу и неговиот клан е санкциониран за истурениот отпад пред Град Скопје или пак полицијата беше со нив на терен за да ги обезбеди и помогне?

Левица не е продукт на партиски пазар, корумпирани елити или незаситени апетити, туку реакција на деценискиот криминал што партиите од власта и опозицијата му го наметнуваа на народот. За разлика од оние кои произлегоа како фракции од криминогени матрици поради недоволен простор за продлабочување на џебовите – Левица е сосема нова партија која постои како глас на обесправените, организиран отпор против системската неправда и е вистинска алтернатива на сета политичка трулеж во државата, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Државата не е способна ниту мизерниот 1% од концесиите да го наплати

А1он

Левица: Породилниот надоместок повторно доцни – мајките оставени без пари

А1он

Левица: Со изборот на Ристоски МРТ станува банкомат на ДПМНЕ – Левица предупреди за партиска местенка

Апасиев: Државата ги штити богатите, работниците го плаќаат товарот

Левица: Изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Горан Наумовски