Левица: Негрижата на институциите може да ја доведе во прашање безбедноста на користење на Велешкото Езеро

Од:

Дали Велешкото Езеро е пред еколошка катастрофа и дали му се заканува негово уништување? Советниците на Левица – Велес денес го посетија езерото „Младост“, кое повеќе од две недели е прекриено со непозната материја чиј состав сè уште не е утврден, се вели во соопштението на Левица.

„Бараме од надлежните институции, Центар за јавно здравје, Републички инспекторат за животна средина, Општина Велес, Институт за јавно здравје, да ја информираат јавноста која е причината за ваквата состојба на Езерото Младост; да потврдат дали водата на Езерото е безбедна за негово користење, како и да преземат мерки со кои би се подобриле квалитетот и изгледот на водата во Езерото“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ го сведе лекувањето на лотарија – пациентите се борат за живот, Клековски за фотелја

Левица: ВМРО-ДПМНЕ ДПМНЕ одби три амандмани за борба против семејното насилство и поддршка на жртвите

Под вмровската десничарска чизма, Уставниот суд го укина колективниот договор за културните работници и ги погази работничките права на илјадници вработени

Левица поднесе четири законски измени за забрана на рекламирањето брзи кредити

Левица ја спори владината кошничка: Само 3.256 денари за сите режиски трошоци на четиричлено семејство

Левица: Бараме итно ставање на дневен ред на законските измени за заштита од насилство врз жените

Горан Наумовски