Левица: Нечовечноста на Владата го остави за министер обвинетиот Шабан Салиу

Од:

Односот на Владата на Мицкоски кон трагедијата во Кочани го отсликува отсуството на минимум човечност и одговорност кај вмровските функционери, додека по секоја цена се обидуваат да ја заташкаат темата за дискотеката на смртта. Кулминација на селективна правда и неодговорност кон 62 трагично загинати млади животи е фактот дека еден од обвинетите за трагедијата – Шабан Салиу (коалиционен партнер на Христијан Мицкоски) продолжува да биде дел од владејачката гарнитура како министер без ресор, велат од Левица.

– Додека родителите од Кочани секоја сабота бараат правда за системскиот колапс кој се случи на 16 март, владата на ДПМНЕ дрско и без никаква морална доблест држи владини прес-конференции со обвинетиот Шабан Салиу, наместо истиот да биде разрешен уште пред три месеци!

Потсетуваме дека од 2008 до 2017 година со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) раководеше Шабан Салиу, додека ДПМНЕ кога дојде на власт го именуваше неговиот внук Кашмир Салиу за заменик-директор.

Наместо демонстрирање минимум морална одговорност, министерот Шабан Салиу дури оди и на судења за трагедијата користејќи службени возила, додека премиерот Мицкоски молчи заради своите коалициони калкулации. Ваквиот арогантен и нечовечен однос само ја потврдува суровата вистина – дека коалиционите математики на власта се повредни од 62 прерано изгубени животи. За жал, ниту најголемата трагедија во поновата историја не беше доволна за да пробуди морална одговорност и совест кај гарнитурата на власт, и најверојатно Македонија останува единствената држава во светот каде ниту еден функционер не понесе ниту морална одговорност преку оставка, ниту пак беше разрешен од една влада која единствено се грижи за својот рејтинг, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица