Левица: Не коалицираме со криминалци и предавници, прва мета е СДС, а потоа и лажните патриоти од ДПМНЕ

Од:

Јавно ги демантираме малициозните наративи изготвени во кујната на ДПМНЕ, на кои, избезумени од реалниот број на поддржувачи на Левица, не им останува ништо друго, освен ширење лаги преку порталите блиски до нивните пропагандни центри, за како: „Левица била спремна да коалицира со СДС”, кога нивниот лидер Мицкоски експлицитно и пред целата јавност најави влада со СДС. Откако крајно нехаризматичниот лидер на ДПМНЕ, Мицкоски, руши рекорди на НЕгледаност на неговите гостувања и ужива недоверба дури и помеѓу неговото членство, машинеријата на ДПМНЕ се впушти во извртување на зборовите на претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, се вели во соопштението од Левица.

– За разлика од непостојаните ставови на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ, ставовите на Левица се концизни и непроменливи. Лидерот на Левица, на посоченото гостување од кое ДПМНЕ вади неосновани наслови, јасно и отворено ги истакна политичките непријатели и мисијата на Левица:

„Левица е направена за да дојде на власт. Таков е концептот, но не по секоја цена. Нас не ни е шубе да почекаме. Впрочем, ако гледаме хронолошки, двајцата мои архи-непријатели, сега се во политичка пензија. Тоа се Груевски и Заев. Еве го и Таче си отиде, Таче нема ни да се врати. Значи, ние педантно и паметно си ја развиваме и структурата и партијата. Така што ние имаме големи планови и не по секоја цена би се испрљале со влегување во власт како Алијанса и другите – со две министерски, со пет министерски места, со 100 вработувања. Нема такви пазари со нас. Платформа! Или се договараме политички, па после за кадровски ќе зборуваме, или не се договараме воопшто, си шибаме во опозиција.

Нашето прво полувреме е пресметка во левиот спектар. Значи, да го десеткуваме СДС и да го спуштиме под 30 пратеника. Тоа е нашата мисија. Веќе во второ полувреме, на редовни или предвремени, фајтот ќе биде левица-десница, односно Левица против ДПМНЕ. Идеолошки судир. Бидејќи овие социјал-демократите не се левичари. Тоа се две буржујски партии плус ДУИ мафијашката плус олигарсите“, истакнува Апасиев.

Сѐ додека преку ден ДПМНЕ изјавува дека Левица е во коалиција со СДС, а навечер пак, СДС дека Левица е во коалиција со ДПМНЕ – јасно е дека Левица нема допирна точка со овие шизофрени партии, односно доказ за постоење на единствен коалиционен партнер на Левица, а тоа е народот. Левица беше единствениот постојан опозициска елемент во борбата против власта на СДС и ДУИ.

Би можело да ве интересира

Левица: Нови 386.000 евра отидоа кај „Маратон“ наместо кај ЈСП – јавниот превоз ги трпи штетите направени од ДПМНЕ и Јанушев

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

Левица: Бизнис зделка на Касами го оштети буџетот на тетовчани за околу пет милиони евра

Левица: ЕСМ со скандалозен тендер за фирмата „Пуцко Петрол“ од ДУИ

Левица: Незаконскиот фараонски мандат мора да заврши – јавниот сервис да се врати на јавноста

Горан Наумовски

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски