(ВИДЕО) Левица: Народот во Чашка секој ден држи лекции за отпор против бандите на ДУИ

Од:

Министерот Јетон Шаќири, заедно со поткупената директорка на ООУ „Тодор Јанев” – Елена Николова во Чашка со месеци се обидуваат незаконски да воведат албанска паралелка. Ваквото дивеење на Шаќири и на неговата платеничка Николова наиде на силен отпор од населението во Чашка, кое секој ден протестира против великоалбанската агенда на амнестираните бандити од ДУИ, се вели во соопштението од Левица.

„Во текот на вчерашните протести, платеничката на ДУИ, односно директорката Елена Николова со полиција три пати се обиде да влезе во просториите на училиштето. Но, родителите кои протестираа, заедно со пратеникот од Левица – Борислав Крмов и советникот во општина Велес – Димитар Абрашев, се спротиставија на полицијата и не дозволија директорката да влезе во училиштето!

Овој искрен гнев на населението на Чашка трае со месеци и родителите секој ден протестираат пред училиштето. Директорката Николова е принудена секој ден да доаѓа со полиција на своето работно место, каде е соочена со револтот на родителите. За жал, медиумите и јавноста речиси и ги нема да пренесат за секојдневниот искрен отпор на населението во Чашка, кое е подготвено нивните деца да изгубат и училишна година – само за да не помине насилството на Шаќири и ДУИ! Во овие мигови за Републиката, окупирана од квинслинзите од СДС и балистите од ДУИ, локалното население во Чашка држи лекција за храброст, истрајност и отпор против насилниците на власт – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Со недела работен ден Мицкоски го претвора работникот во роб на капиталот

Левица: Новогодишната кошничка празна, но полни се џебовите на олигархијата

Горан Наумовски

Исмаил: ДКСК ја урива довербата – постои корупција кај антикорупционерите

Горан Наумовски

Мојсоска: Дали претседателка Сиљановска ќе го потпише указот за измените на Законот за заштита на децата?

Горан Наумовски

Левица: Двојазични лиценци, капитулација на ДПМНЕ и продолжување на антимакедонските политики

Левица: Таравари да не тактизира и веднаш да го разреши Мемеди за смртта на 20 деца