Мојсоска: Криви се ваквите народни избраници кои егзистираат и профитираат од аномалиите на системот

Од:

На денешната седница на собранието, владејачкото мнозинство предвидено од ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за предлог-законот на Левица со кој беше предложено дуплирање на породилното отсуство, вели пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

„Влада која има измислено функција за “национален координатор за демографија” – не гласаше за зголемување на породилното отсуство на 18 месеци! Иако, истиов закон за зголемување на породилното отсуство го има поднесено ДПМНЕ во 2017 година, за сега истиот предлог да не го гласа. Само еден фрапантен податок е доволен за демографската катастрофа која и’ се случува на Македонија:

– во 1994 година се регистрирани 31.421 живородени деца
– во 2023 година бројот се симнал на најниски 16.737 деца

И не, не е крив системот. Криви се ваквите народни избраници кои егзистираат и профитираат од аномалиите на системот – напиша Мојсовска.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Катерина Ѓуровски

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он

Левица: Нов Луна парк само на хартија – раскинат договорот со „МАСТЕФ“, Градот без официјално образложение

(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он