Левица најави ревизија на урбанистички планови, еколошки заложби и реализирање на долгонајавуваната дестилерија

Од:

Левица вечерва од Кавадарци најави ревизија на урбанистички планови, еколошки заложби и реализирање на долгонајавуваната дестилерија што со години, како што беше кажано, била ветувана од другите, како спас за вишокот грозје во најлозаровинарскиот регион во државата. За ова вечерва во изјава за медиумите, во присуство на претседателот на партијата Димитар Апасиев, говореше носителот на листата на кандидати за советници на претстојните локални избори, Круме Богевски.

Богевски, кој со тогашни 22 години беше најмлад член во изминатиот Совет на Општина Кавадарци, вечерва рече дека таму практично делувал сам против сите.

– Сметам дека ја сменив културата на досадните еднолики седници на Советот каде дотогаш членуваа само клиентелисти. Луѓе во Кавадарци почнаа конечно да ги гледаат седниците, да се интересираат што се случува со нивните пари, воздух, вода. Имав над 10 часа филибастеринг сесии комбинирано, за блокирање на два погубни дупа, едниот блокиран со 365 амандмани, другиот со 111 десетици иницијативи, амандмани, предлози беа проследени до апсолутистичката ДПМНЕ и беа одбиени, што не носи до следната поента – власт со апсолутно мнозинство во Совет е неконструктивна и несвесна, рече Богевски.

Според него, не смее да има апсолутна власт.

– Ја продолживме својата борба и вонинституционално со бранење на работничките права. Сме пружале бесплатна правна помош на десетици наши сограѓани за остварување на правото во имотно-правни спорови и за бранење на работничките права. Потсетувам дека во летните горештини работници се онесвестуваа во Дрекслмаер и додека ДПМНЕ и СДС се молеа за донации, Левица беше единствена партија која поднесе пријава до трудов инспекторат, по што работниците конечно добија климатизација. Ова е еден пример од десетиците пријави кои Левица ги поднесе, истакна Богевски.

Во следниот мандат најави неколку капитални проекти.

Би можело да ве интересира

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Левицата: Радикално кратење на земјоделските субвенции

Горан Наумовски

Левица: Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка – пратеничката функција е сосема спротивно од ова што таа го демонстрира

ВМРО-ДПМНЕ го одби предлогот на Левица за заштита од отказ на бремените работнички

Левица: Власта со нов закон го силува правото и ја продолжува легализацијата на дивоградби

Левица: Режимот на ДПМНЕ со демнење и следење демонстрира сила наместо да одговори како се преживува со 400 евра плата