Левица: На Мицкоски и ДПМНЕ им порачуваме да не се бламираат – имаме кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар, Струга, а ДПМНЕ коленичи пред Вреди

Од:

Со искрено неверување ги следиме бламирачките изјави на Мицкоски и ДПМНЕ ги следиме изјавите на Мицкоски и ДПМНЕ по повод кандидатурите на Левица за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга. Од патетични флоскули за „горда Македонија“, паднавте до ниво да напаѓате партија која единствена има храброст да понуди сопствени кандидати во општини каде што вие и СДСМ кукавички се повлековте и одлучивте да ги поддржите ВРЕДИ и ДУИ, велат од Левица.

„Вие, кои од петни жили ги браните кандидатите на ВРЕДИ, немате никакво морално право да ѝ држите лекции на Левица. Се спуштивте на ниво вашиот помал коалиционен партнер да не ви прави никакви отстапки – па така, на пример, во Град Скопје извади свој кандидат за градоначалник без да ве праша.

Поврзувањатта на Левица со ДУИ се крајно смешни. Ние никогаш сме немале договори со ДУИ и така ќе остане. Пример за тоа се бројните кривични пријави поднесени единствено од наша страна против функционери од ДУИ.

Токму ДПМНЕ е симболот на коалицирање со ДУИ, како во минатото – така и сега: заедно владеевте со години, заедно ги амнестировте т.н. Хашки случаи, заедно гласавте и гласате штетни одлуки во советите како во Велес и Куманово, заедно носите двотретински закони во Собранието преку политички пазар, вие го пуштивте Артан Груби во бегство и до ден денес владее молк за тој случај. Дали според вас македонскиот народ треба да гласа за кандидати како Касами кој отворено заговара федерализација на Македонија и негира сè што е македонско? Дали тоа е вашата визија за „горда Македонија“?

Левица понуди опција и кандидираше луѓе со знаење, интегритет и визија:

За Струга – Јована Мојсоска, актуелна пратеничка и генерален секретар на Левица
За Тетово – д-р Катка Божиновска, доктор на правни науки
За Гостивар – Дарко Грујоски, ИТ-специјалист

За разлика од вас, кои својата судбина и достоинство ги продадовте на коалициските пазари, Левица ја води борбата со свои сили, луѓе и со чист образ. Гласот за Левица е јасна порака дека народот повеќе не е заложник на вашите криминални коалициски математики и сака вистинска промена единствено во интерес на граѓаните, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица е за укинување на пржинската влада, но инсистира на една изборна единица и се фер рекламирање

Левица: Љутков со „упатство“ поништува судски пресуди за плати во културата

Горан Наумовски

Левица: Комисии за боледување наместо лекување – административна тортура врз повредените во „Пулс“

Левица: Поддршка до народот на Венецуела и нејзиниот демократски избран претседател Николас Мадуро

Предраг Петровиќ

Левица: Минималната плата под прагот на сиромаштија, секое трето дете живее во беда

(ВИДЕО) Апасиев: Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за непримена на право

Горан Наумовски