Левица: На гостиварци им течел отров од чешмите, институциите потфрлиле

Од:

Левица обвини дека наодите на Основното јавно обвинителство Гостивар ја покажуваат, како што велат, „чудовишната димензија“ на случајот со загадената вода за пиење во Гостивар и побара истрагата да се прошири и кон сите институции што имале надлежност да реагираат.

Од партијата наведуваат дека, според обвинителството, во водоснабдителниот систем со пумпи била внесувана тешко загадена површинска вода од отворен канал, со високо присуство на фекални бактерии, по налог на раководни лица од ЈП „Комуналец“. Посочуваат дека биле измерени 48 пати повеќе фекални бактерии од максимално дозволеното, како и зголемена концентрација на резидуален хлор во водата од чешмите, повеќе од двојно над дозволената.

„Со други зборови, на гостиварци низ чешмите не им била испорачувана вода, туку отров“, наведуваат од Левица.

Според партијата, загадената вода не била внесувана краткотрајно, туку речиси три недели. Тие тврдат дека налогот за поставување на пумпите бил даден на 25 јуни, а дека на 16 јули две од нив сè уште работеле и ја префрлале загадената вода во водоснабдителниот систем.

Левица прашува каде биле Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје Тетово, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Општина Гостивар и останатите надлежни институции, оценувајќи дека тие потфрлиле во навремено откривање и спречување на случајот.

Особено го издвојуваат стручното мислење издадено на 29 јуни од Центарот за јавно здравје Тетово, со кое, како што наведуваат, било констатирано дека примерокот вода ги исполнува законските и стручните критериуми.

Партијата бара обвинителството да ја обезбеди целокупната документација, лабораториските протоколи и комуникацијата поврзана со тоа мислење, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе вонреден надзор над Центарот за јавно здравје Тетово. Истовремено, бара Министерството за здравство да ја утврди управната и раководната одговорност, а Институтот за јавно здравје да ги преиспита методологијата и валидноста на издаденото мислење.

Од Левица оценуваат дека апсењето на тројца раководители на ЈП „Комуналец“ не смее да биде единствениот исход од истрагата и бараат таа да ги опфати сите лица кои, според нив, наредиле, учествувале, знаеле или не презеле мерки за спречување на, како што велат, катастрофата.

„Додека во водоводот со недели се вбризгувала загадена каналска вода, локалната власт и државните здравствени и инспекциски институции или не знаеле што се случува или знаеле и молчеле – и двете можности се подеднакво скандалозни“, се наведува во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди