А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

„Левица“ му го замрзна членството во партијата на Бранимир Јовановиќ за „штетните економски политики“

by А1он28/01/2018 - 20:59214
Share0

Президиумот на политичката партија „Левица“, на седница одржана на 26 јануари 2018 година, донесе одлука за изрекување мерка замрзнување на членството на Бранимир Јовановиќ – во јавноста познат како актуелен советник на министерот за финансии Драган Тевдовски и, како што пишува, „апологет на штетните економски политики на Владата предводена од СДСМ“, oбјави партијата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Јовановиќ минатата година поднесе неотповиклива оставка од сите партиски функции во „Левица“ (координатор на Програмски сектор Економија и член на Централниот комитет на партијата), а ја прифати понудената функција советник во Кабинетот на министерот за финансии. По ова, ЦК на Левица едногласно ја прифати неговата оставка и пасивизацијата на неговото членство и реши да не го сакционира на никаков начин, туку само да ја следи неговата работа во новата Влада.

Но, по последниот развој на настаните – поврзани со носењето на серија крајно штетни економски одлуки кои не беа предвидени ниту во предизборната програма на владејачката коалиција – Президиумот, согласно интерниот Правилник за дисциплинска одговорност на членовите, одлучи привремено да го замрзне членството на Бранимир Јовановиќ во Левица, поради јавно застапување политики и ставови кои се суштински спротивни на нашата идеологија и на најважните основачки акти на партијата: статутот, платформата и политичка програма на Левица, соопшти партијата.

Во соопштението пишува: „Клучни за ваквата одлука на Президиумот беа следниве владини мерки, во чие донесување ресорното министерство имаше најголем удел: (1) Отворената законска „дупка“ за манипулација при исплатата на минималната плата, преку нерегулирањето на нормираниот учинок; (2) Предлог-Буџетот на Министерството за финансии за 2018 год. којшто структурно не се разликува од буџетите на Режимот, кога министер за финансии беше Зоран Ставрески; (3) Зголемувањето на ставката за патни трошоци на пратениците во Собранието на РМ и на другите избрани или именувани јавни функционери; (4) Зголемувањето на цената на горивата, преку зголемување на акцизата; (5) Намалувањето на т.н. еко-буџет за заштита на градовите од аерозагадување и за зачувување на животната средина и на природата; (6) Укинувањето на даночните ослободувања за ситните земјоделци; (7) Воведувањето на физичките лица, во најголем број прекарни работници и хонорарци, како ДДВ обврзници и сл.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Левица“ бара од министерот Тевдовски и од неговите советници, доколку себеси сè уште се декларираат за социјалдемократи, да престанат да ги празнат џебовите на работниците, за сметка на невоведувањето прогресивен данок со кој би ги опфатиле енормно високите приходи на олигарсите и на богатите.

levica

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 13:3726/09/2026 - 13:41

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 10:2926/09/2026 - 13:39

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Катерина Ѓуровски24/09/2026 - 12:2024/09/2026 - 13:03

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Предраг Петровиќ23/09/2026 - 15:08

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он20/09/2026 - 10:25

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Катерина Ѓуровски18/09/2026 - 14:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео