Левица: МО да го расветли скандалозниот конкурс за офицери, голем број од примените не ги поминале физичките проверки

Од:

По реакциите на Левица, сѐ уште нема ни трага ни глас од Министерството за одбрана предводено од министерот на ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Случајот со конкурсот за запишување кандидати за стручно оспособување и усовршување за офицери, уште еднаш ја разоткрива длабоката коруптивна матрица во Министерството за одбрана. Иако од Министерството тврдеа дека биле примени најдобрите кандидати“ – анализата на Левица во врска со бодирањето покажа сериозни сомнежи за манипулација со резултатите така што интервју-бодовите биле намерно прилагодувани за да се елиминираат најдобрите кандидати, и покрај тоа што според општиот успех, познавањето на англиски јазик и физичките проверки тие биле во сериозна предност“ соопштија денеска од политичката партија.

Информациите велат дека голем број од примените во т.н. прва група воопшто не ги поминале физичките проверки, а сепак добиле бодови кои им овозможиле да го исполнат критериумот. Исто така, информациите се и дека јавно прочитаните резултати од тестот по англиски јазик и официјално впишаните бодови на конечната листа не соодветствуваат. Повторно напоменуваме дека интервјуто како нај субјективна етапа, никако не смее да биде пресудно за избор. Кои биле прашањата на интервјуто, дали биле унифицирани, и по кој основ еден кандидат добивал максимални 20 бода, а друг доволно ниски за да биде елиминиран?“ прашуваат од Левица.

Велат дека во Министерството за одбрана постојат дури три органи кои имаат надлежност да ги истражат и разобличат овие неправилности – Секторот за внатрешна ревизија, Секторот за инспекција и Директоратот за безбедност и разузнавање во одбраната. Тие имаат јасни законски и институционални надлежности: да извршат темелна проверка, да утврдат одговорност и да спречат понатамошни злоупотреби“.

Доколку овие органи не постапат по допрен глас и не излезат со став пред јавноста, сериозно се доведува во прашање кредибилитетот на самото Министерство институција која формално има воспоставено механизми за внатрешна контрола, но кои очигледно остануваат само на хартија. Левица бара надлежните органи за контрола во Министерството за одбрана да извршат надзор, да ги проверат сите записници од тестовите за физичка подготвеност, англиски јазик и методологијата на интервјуирање и да ги изнесат пред јавноста сите недоследности“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Брутално скратен буџетот за лицата со ретки болести – државата штеди на живот

Горан Наумовски

Левица: Дали партиски инсталации во ДБКИ се шверцуваат во Мисијата на НАТО во Брисел спротивно на закон?

Горан Наумовски

Левица: Орце глуми скромност, а ангажира личен шофер за претседателот на Совет

До спикерот Гаши доставено барање за укинување на имунитетот на Јанчев

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

(ВИДЕО) Станкоска: Дали со еден стан Орце го реши проблемот на жените жртви на насилство?!