Левица: Министерот за здравство Меџити го исфрлил од употреба македонскиот јазик

Од:

Фатмир Меџити, министер за здравство на службениот Фејсбук профил на македонската јавност ѝ се обраќа на албански јазик. Односно, сите текстови се напишани на албански јазик, а потоа е даден превод на македонски јазик или, пак, воопшто нема превод, соопштуваат од Левица.

Со ваквиот однос кон употребата на македонскиот јазик, кој е службен на цела територија на Македонија, тој го крши Законот за употреба на јазиците, според кој македонскиот литературен јазик со неговото кирилско писмo е прв службен јазик за официјална употреба. Не e дозволено неговото непочитување од страна на функционери кои се поставени на високи позиции во владеaчката структура. Министерот и во својот опис на официјалниот фејсбук профил единствено пишува на албански јазик, што е експлицитно непочитување на македонскиот народ и држава.

Го потсетуваме министерот Меџити, на кого непрекинато го следат скандали во краток период, дека живее и работи во Република Македонија и според постоечкиот Закон за употреба на јазиците, должен е секое негово писмено обраќање до јавноста, да биде пред се’ на стандарден македонски јазик со употреба на стандарден правопис и кирилско писмо.

Левица јавно прашува каде се надлежните институции соодветно да реагираат и да го санкционираат министерот Меџити за ваквиот скандалозен и неприфатлив однос кон македонскиот јазик. Очигледно е дека СДС е само малцински партнер во Владата предводена од ДУИ и заради мирот во коалицијата, го одобрува ваквото газење и негирање на македонскиот идентитет и достоинство, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола