Левица: Министерот за образование Адеми повторно фатен во големо „владино прикривање”

Од:

„По избивањето на скандалот со сомнителниот докторат на советникот во Kабинетот на претседателот Пендаровски – доц. д-р Александар Спасов од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ – Скопје, Политичката партија Левица јавно го повикува Министерот за образование и наука – Арбер Адеми, кој и самиот е избран за доцент спротивно на законот, да ѝ објасни на македонската јавност зошто, и после измината една година од официјалното Известување Ип1 бр. 09-1626 (од 16.11.2018) на Државниот просветен инспекторат:

(1) не ја довршил започнатата постапка за одземање на докторатот и на стекнатото наставно-научно звање и свесно не донел решение одземање на дипломата на инволвираните лица во скандалот;

(2) не поднел кривична пријава против одговорното лице во високообразованата установа, односо не презел чекори за правно гонење на тогашниот декан проф. д-р Борче Давитковски – со што постапил спротивно на чл. 205 од Законот за високо образование (2018) и извршил груба злоупотреба на службената положба и овластување.

Воедно, го повикуваме инволвираното лице од Кабинетот на Претседателот, кој воедно е и син на еден проминентен професор-социјалдемократ и важи за дел од т.н. академско крило на владејачката СДСМ, да поднесене неотповиклива оставка на функцијата – Надворешен научен соработник за надворешна и внатрешна политика, со цел да овозможи независно окончување на постапката, без сомнеж за можни партиски влијанија и политички притисоци во текот на процесот“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он