​​​​​Левица: Министерката Јаневска нема решение за превозот на студентите

Од:

Превозот на студентите кои студираат во градови надвор од нивното место на живеење, никогаш не бил поголем проблем. Кризата ја продлабочува фактот што оваа година два од четирите студентски дома во Скопје се затворени, а кириите се рекордно високи, па се повеќе студенти се принудени секојдневно да патуваат до својот факултет.

Патувањето до друг град на дневно ниво никогаш не било поскапо, па голем број од студентите не можат да си дозволат да ги посетуваат своите факултети со што им е ускратено нивното право на образование и им е оневозможено да студираат.

Во текот на минатата академска година владата воведе мерка со која студентите кои студираат во градови надвор од своето место на живеење, добиваа субвенции од 600 до 1200 денари месечно. Таа мерка се покажа како популистичка и недоволна, а не трајно системско решение кое ќе го реши овој проблем.

МОН предводено од министерката Јаневска, наместо да пронајдат системско решение за овој проблем, се одлучија да ги укинат и минималните субвенции кои студентите до сега ги добиваа. Тоа можеме да го заклучиме поради тоа што иако академската година е веќе започната, МОН нема објавено конкурс за субвенциониран студентски превоз, ниту пак има најава дека ќе се случи такво нешто.

Ваквиот однос на МОН кон студентите покажува дека студентите не се приоритет за актуелната влада, и дека владата продолжува да го уништува студентскиот стандард, и да го прави образованието се поскапо и помалку достапно.

Црвена Младина бара од МОН и од министерката Јаневска да ја сфатат алармантноста на состојбата и да пронајдат системско решение кое трајно ќе го реши проблемот со превозот на студентите, и ќе го направи образованието достапно за сите, реагираат од Левица.

Би можело да ве интересира

Пожарот во Лакавичкиот регион се движи во насоки кон викендици и планината Серта

Пет активни пожари низ државата

Мајка му уплатила 400.000 евра за станови – судење на Ѓоко Ристов

Предраг Петровиќ

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан “бетон” Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која тој лично ја спроведува

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Јаневска: Верувајте во себе и секој ден учете – знаењето никој не може да ви го одземе

Горан Наумовски