Левица: Министерката Јаневска има намера да го укине бесплатниот превоз за студентите и средношколците

Од:

Министерката Јаневска продолжува со нејзините крајно дрски и скандалозни изјави. Таа ја дополни оваа низа најавувајќи дека во Буџетот на државата нема пари за бесплатен градски превоз за студентите и средношколците бидејќи не постоело основ за дотација кон град Скопје велт од Левица.

– Во Ребалансот изгласан од коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ не се предвидени средства за бесплатен градски превоз за младите, ниту пак планираат да го покријат долгот од 8 милиони евра кон градот Скопје, односно кон и така финансиски руинираното ЈСП. Ваквата ситуација сериозно ја доведува во опасност мерката бесплатен превоз за студентите и средношколците која е од витално значење за младите!
Загрижувачка е неинформираноста на Јаневска за постоењето на оваа мерка која датира од 2016 година. Дополнително, министерката крајно дрско и неуко изјави дека ова било ветување кое таа и актуелната владина гарнитура не е должна да го реализира бидејќи не ветувала бесплатен превоз!

Владата која во предизборието ветуваше подигнување на стандардот и сериозен фокус на младите, не само што нема план да го подобри стандардот, туку очигледно започнува и со укинување на досегашните мерки, т.е. штедење и водење каприц на грбот на младите!
Бараме Владата итно да го подмири долгот кон град Скопје за да не дојде до укинување на оваа клучна услуга за младите. Не можеме да дозволиме неинформираноста и политичките игри дополнително да ги загрозат правата и благосостојбата на студентите и средношколците!

Црвена Младина не само што ќе се бори за заштита на веќе постоечките мерки коишто се во интерес на младите, туку и ќе работи на нивно проширување, вклучувајќи воведување на целосно бесплатен меѓуградски превоз за учениците и студентите, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: На гостиварци им течел отров од чешмите, институциите потфрлиле

Левица: Недозволиво е Мицкоски да ја сведува државната реакција на флаширана вода и префрлање одговорност за Гостивар

А1он

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Левица: Европската престолнина на културата претставена со „Св. Сава“ и Букефал со пет нозе – Орце продолжува да го брука Скопје

Горан Наумовски

Левица: Европската Комисија го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Левица: Гостивар не се соочува со обичен дефект, туку со сомнение за свесно загрозување на јавното здравје