А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Левица: Македонија со години финансира одлив на мозоци – стипендистите се заборавени и игнорирани од државата

by А1он01/08/2024 - 16:17319
Share0

Неодамна на веб-страницата на Министерството за образование и наука се објавени најновите конкурси за доделување стипендии за академски студии во странство, кои години наназад ја докажуваат девастирачката и неодговорна политика на партиите на власт кон младата популација и иднината на државата. Имено, иако овие конкурси имаат за цел создавање на стручни и научни кадри кои треба да придонесат за развојот на Република Македонија, во пракса се случува сосема спротивното. Државните стипендисти на најпрестижните и најскапи светски универзитети по завршувањето на нивните студии се целосно игнорирани од институциите на системот, вела од Левица.

Добивај вести на вибер

„Поразителни се информациите кои стигаат до Левица дека голем дел од корисниците на државните стипендии за студии во странство по завршувањето на студиите воопшто не се враќаат во државата, а од страна на државните институции наидуваат на целосна незаинтересираност за нивната иднина и кариера, иако во нивното образование биле вложени значителни средства од државниот буџет. Една од причините за оваа катастрофална државна кадровска политика е што по скоро 15 години постоење на овие државни стипендии, сé уште не е донесен закон со кој би се уредиле механизмите со кои државата би ги ставила овие високо образовани кадри во служба на Републиката!

Парадоксално, ДПМНЕ, СДС и ДУИ на овој начин стимулираат и субвенционираат трајно иселување на способни и амбициозни млади лица од Македонија, кои поради игнорантскиот однос и неспособноста на нашите институциите, се овозможени со стекнатата диплома полесно да дојдат до атрактивни работни места низ светот, без да имаат било какви обврски кон државата што ги финансирала нивните студии.

Ова ја потврдува неспособноста и незаинтересираноста на партиите на власт низ годините, ДПМНЕ, СДС и ДУИ, да управуваат со државните ресурси и кадри на еден одоговорен начин. Напротив, нивната кадровска политика е целосно наклонета кон медиокритетот и партиските послушници, поради што државните институции и претпријатија се сé помалку функционални и во распад, а најдобрите македонски кадри заминуваат во странство и придонесуваат со своето знаење и труд за добробитот и развојот на туѓи држави.

Левица се залага за носење на соодветна легислатива со која државните стипендисти во странство и најдобрите студенти во домашните универзитети, по завршување на нивните студии би добиле автоматско вработување во државните органи, здравствени клиники и претпријатија, на одговорни позиции и со заработувачка соодветна на нивните квалификации и потенцијал. Единствено преку вреднување младите по нивната кадарност и знаење, а не по партиска или етничка припадност, може да се запре иселување на младите и одливот на мозоци кои се засилува како последица на неспособноста и корумпираноста на партиите на власт“, велат од партијата.

levica

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски10/04/2026 - 11:4010/04/2026 - 11:40

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он08/04/2026 - 19:3408/04/2026 - 19:44

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Горан Наумовски08/04/2026 - 12:25

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Горан Наумовски08/04/2026 - 09:43

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он30/03/2026 - 17:4330/03/2026 - 17:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто