А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Левица: Македонија останува „инвестициски рај” за газдите, а пекол за работниците

by А1он30/07/2019 - 19:16341
Share0

„Македонија останува „инвестициски рај“ на сметка на работничката класа, која продолжува да плаќа висока цена за тоа. Пред неколку дена се случи втората несреќа на работно место овој месец во рудниците кои се сопственост на бугарската фирма „Булмак“. Во хармонија со стандардниот начин на функционирање на работите во Македонија, оваа анти-работничка клима е целта на стремежите на сите влади од осамостојувањето на Републиката до денес. Ниските плати и немањето заштита на работно место, даночниот рај за инвеститорите и сервилната бизнис-ориентирана влада се само составни делови на воспоставената институционална рамка – чија единствена улога е да биде заштитник на непречената експлоатација на државните ресурсите, без разлика дали се тие во форма на работна сила или природни ресурси, од страна на неколкумина економски моќници.“, вели партијата Левица преку соопштение.

Добивај вести на вибер

„Како резултат на оваа анти-работничка политика улогата на сидикатите, во најдобар случај, е сведена на советодавна при носење на легислатива која никој не ја почитува. Доказ за ова претставува фактот што ниту еден сопственик до денес не одговарал за несреќа при работно место од кои дел имале и смртни последици. Проблемите со кои сме денес соочени, непосредната тегоба на бедната секојдневна егзистенција, лишеноста од достоинството во контакт со оние кои се економски и социјално над нас, ризикот од повреди и смрт на работното место не можат да се искоренат со мољакање кај оние кои ни ги одземале. Тука и е главното потфрлање на сите синдикати до сега – нивното одбивање да излезат од сферата на циркулацијата на стоката (и работната сила е стока, а платата е само цената со која што се купува работната сила), лековерното задоволување со трошки, со ситни промени во легислативата која што ја прават истите од кого им биле ускратени од сам старт.

Секако дека се важни овие трошки, но што правиме со тоа што овие битанги кои ни го ускратуваат достоинството да живееме достоен живот, кои паразитираат на нашиот труд, кои ги прават овие концесии во наша корист давајќи ни трошки, продолжуваат да бидат владетелите на денешницата? Толку ли е изненадувачки што во првиот момент кога ќе им биде укажана приликата, тие ќе земат назад сѐ што ни „дале“ со камата?

Работнички права, повисоки плати, заштита на работното место – тоа се идеали за кои вреди да се бориме. Но, за да не останат само идеали, борбата треба да биде против оние кои нив ни ги одземале, да се стреми кон рушење на општествениот хиерархиски врв на кој тие се наоѓаат, пред сѐ политички, а наредно и економски. За да нивната реализација не е само ефемерно задоволување на нашиот глад, власта мора да биде одземена од рацете на олигархијата и да припадне во рацете на работниот народ, бидејќи само нашиот интерес е, како експлоатирана класа, да го укинеме експлоатирањето.“, се наведува во соопштението на партијата.

levica

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски10/04/2026 - 11:4010/04/2026 - 11:40

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он08/04/2026 - 19:3408/04/2026 - 19:44

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Горан Наумовски08/04/2026 - 12:25

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Горан Наумовски08/04/2026 - 09:43

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он30/03/2026 - 17:4330/03/2026 - 17:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто