Левица: Критики од ЕК и за напредокот на македонската економија

Од:

Европската Комисија во последниот Извештај укажува на низа слабости и неправилности во македонската економија. Жестоки се критиките за бавниот напредок во спроведувањето на пошироки мерки за подобрување на управувањето со јавните инвестиции од витално значење, забавен е растот на БДП, голема зависност од увоз на енергија, висок надворешен долг кој изнесува 84,3% од БДП, а јавниот долг останува значително над нивото пред КОВИД-19, се вели во писмената реакција на Левица.

„Напредокот во реформските области е бавен, а деловното опкружување е попречено од неформалната економија, која се појавува во различни форми. Најистакнати се: нерегистрираната работна сила и делумно непријавените плати, а загрижува континуираниот неуспех за ефикасно справување и спречување на нерегистрирани и неосигурени возила. ММФ проценува дека сивата економија изнесува дури 38% од БДП. Забелешки има и кон транспарентноста и ефективноста на државната помош, недостатокот на ажуриран регистар, а јавните информации што ги дава владата за државната помош за компаниите остануваат нецелосни, што го потврдува расипничкото трошење на парите на граѓаните. Во извештајот, Комисијата констатира дека власта со директното доделување на договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д на конзорциумот „Бехтел и Енка“ го ослободува проектот од примена на Законот за јавни набавки. Потсетуваме дека Левица ги блокираше штетните закони за овие коридори, кои потоа СДС и ДУИ насилнички ги шверцуваа со европско знаменце.

Дополнително, ЕК констатира дека е неопходно да се зајакне ефикасноста на финансиската контрола и инспекција, независноста на Државниот завод за ревизија да се гарантира со Устав, да се подобри транспарентноста, менаџерската одговорност и ефикасното управување со јавните средства. Со последниот извештај, Европската комисија објави и План за раст, со кој директно го условува напредокот во реформите со достапноста на финансиската поддршка од ЕУ. Вкупниот фонд за Планот за раст на земјите од Западен Балкан е 6 милијарди евра (од кои 2 милијарди евра се грантови, а останатите 4 милијарди евра ќе бидат преку позајмици). Но, дури и пристапот до европските фондови е загрозен од корумпираното работење на хибридниот режим, чие владеење е проследено со злоупотреба на овие фондови. Со ваквиот извештај се потврди дека СДС и ДУИ, освен што спротивно на волјата на народот ги прифаќаат шовинистичките политики на Софија – не направија никаков чекор за заздравување на македонската економија“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: МО да го расветли скандалозниот конкурс за офицери, голем број од примените не ги поминале физичките проверки

А1он

Левица: Уште една дивоградба на инвеститорот на хотелот во Лагадин кој Заев го бранеше

А1он

Левица: Измените на Закон за рударство се кроени во интерес на корпорациите

Горан Наумовски

Амар Мециновиќ – кандидат за градоначалник на Град Скопје од Левица

А1он

Левица: Нови 386.000 евра отидоа кај „Маратон“ наместо кај ЈСП – јавниот превоз ги трпи штетите направени од ДПМНЕ и Јанушев

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски