Левица: Конзулатот во Њу Џерси работи само четири часа неделно – уште една навреда за македонската дијаспора

Од:

Срамно и понижувачко е постоењето на Конзулатот на Република Македонија во Риџфилд Парк, Њу Џерси, кој работи само четири часа неделно – два часа во вторник и два во четврток, и тоа е жив доказ за институционалното запоставување на македонската дијаспора, велат од Левица.

– Нашиот народ кој живее, работи и придонесува во САД е принуден да се соочува со крајно минорни и ограничени услуги, затворени врати и администрација која не одговара ниту на телефон. Тоа е директно понижување за граѓаните чии даноци и вложувања се игнорираат од страна на една сервилна и неефикасна дипломатија. Ниту една друга држава во светот, како што сами велат граѓаните, ни приближно не покажува ваква рамнодушност и игнорирање на сопствените сограѓани.

Овој однос на Македонско конзуларно претставништво во светот не е единствен. Честопати се регистрира и во други држави, и не мал бројот на наши сограѓани очајуваат поради нефункционални веб сајтови, неодговарање на телефон во работно време и патувања на празно зашто работното време е или недоволно или неправилно означено.

Ги повикуваме надлежните од Министерството за надворешни работи да објаснат зошто оваа институција во Њу Џерси практично не функционира, и да преземат итни мерки за проширување на работното време, вработување на соодветен кадар и воспоставување ефикасна комуникација со македонските државјани. Исто така, секојдневно да ги ажурираат податоците на конзуларните сајтови и во сите останати држави во однос на податоците што се од корист на нашите сограѓани во странство.
Да не се заборава дека Македонската дијаспора е жив организам кој со децении ја поддржува татковината и има право на достапни и ефикасни конзуларни услуги, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови