Левица: Касами ќе го реновира стадионот во Тетово само за потребите на Шкендија

Од:

Во јули 2016 година, Еколог Интернешнл, сопствениците на ФК Шкендија, го презеле Градскиот стадион во Тетово под концесија од Советот на општина Тетово и се обврзани да инвестираат 7,7 милиони евра за реновирање на стадионот за да може да биде домаќин на меѓународни натпревари. Но, оттогаш до сега не е реновиран стадионот! Бидејќи обврска на концесионерот е да изврши реконструкција на стадионот а истото не го сторил до сега, Општина Тетово требало да го раскине договорот за концесија, а не да го спасува концесионерот од обврските кои требало да ги исполни, се вели во партиската реакција од Левица.

„Наместо заштита на спортските клубови и заштита на Градскиот стадион во Тетово, Касами објави дека ќе започне реконструкцијата на Стадионот во Тетово кој практично и припаѓа само на екипата на Шкендија! Поради тоа што Општина Тетово го има дадено Градскиот стадион под концесија и на истиот игра само Шкендија, страдаат македонските женски и машки екипи во фудбал со седиште во Тетово и немаат можност да играат мечеви додека не им дозволи општината!? Левица бара раскинување на договорот за концесија и враќање на Градскиот Стадион во единствена сопственост на Општина Тетово со еднакви услови за користење на истиот и на македонските екипи“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Левица: Ќе доставиме докази до ДКСК за Томовски и фирмата „Сити Аутсорсинг”

(ВИДЕО) Костовски: „Зимзоленд“ продолжува да работи и покрај утврдените неправилности и опасност по безбедноста

Левица: Ѓорѓиевски продолжува со скандалозни назначувања – партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошка

(ВИДЕО) Исмаил: Резолуцијата ја осудува опозицијата место да ја ограничи владата за внес на мигранти

Левица: Брутално скратен буџетот за лицата со ретки болести – државата штеди на живот

Горан Наумовски