Левица: Кандидатурата на Амар Мециновиќ ја втурна ДПМНЕ во паника

Од:

Само неколку дена по кандидатурата на Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ сфати дека освојувањето на главниот град нема да биде така лесно. Наместо со идеи и програма, побрзаа со обвинувања дека Левица наводно влегла во политички договор со СДСМ и ДУИ за да се обезбеди втор круг, велат од Левица.

„Ваквите конструкции се ништо друго освен израз на паника и признавање на сопствената слабост. Левица пред избори ниту се договара, ниту коалицира со било која партија, тоа е јасна и недвосмислена позиција. Но, очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ стои на стаклени нозе и бара начин да се оправда пред сопствените гласачи, особено што деновиве излегоа и податоци дека имаат губитоко од околу 150.000 гласа.

Патетично претставуваниот „лав“ излезе дека е само мало маче, немоќно да се соочи со вистински политички предизвик. А на избори, токму Амар ќе им покаже колку е тенка нивната лага и колку лесно нивниот „лав“ се претвора во маче пред граѓаните на Скопје. Амар ќе биде обединувачката сила која ќе ги сплоти сите чесни и слободоумни луѓе на кои им е преку глава од 30-годишните деструктивни и ограбувачки политики на ДПМНЕ, СДС, ДУИ и ВРЕДИ, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он