Левица: Ја исклучивме од партијата Снежана Стојчевска поради луксузирање со народни пари и кронизам

Од:

Ја информираме јавноста дека Левица ја исклучи од своите редови Снежана Стојчевска – актуелната директорка на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, поради извесно коруптивно и клиентелистичко влијание, како и несоодветно и своеволно раководење со институцијата!

Дисциплинската одлука е донесена бидејќи таа, во дослух и таен договор со ДПМНЕ и со Министерот за локална самоуправа во Владата на Мицкоски, Златко Перински – како претендент за следен деструктивен кандидат за Градоначалник на Град Скопје, е фатена на дело како мести конкурси за вработување, ги злоупотребува своите овластувања за остварување лични интереси и за ухлебување пријатели во институцијата – свои и на министерот Перински.

Откриеното несовесно работење на дотичната резултира и со намалување на фондот на изнајмени книги за 30%, како и со влошување на севкупната работна атмосфера во Библиотеката. На ова се надоврзува и скорешното ненаменско трошење буџетски пари за сомнителни службени авионски патувања во странство, а како капка која ја прели чашата е и скандалот со затворањето на третата смена на студентските читални среде испитна сесија, што се случува за прв пат во историјата!

Како резултат на овие злоупотреби, Президиумот на Левица го поништува нејзиното партиско членство како што и ќе постапи секогаш кога ќе открие неморално однесување кај своите членови кои вршат јавна функција! Нема да толерираме никакви коруптивни практики и никакво отстапување од партискиот курс на неподмитливоста поради ничии лични амбиции, хирови или карактерни маани. Како досега, така и отсега ќе делуваме бескомпромисно, принципиелно и стого антикорупциски, без оглед на тоа за каков калибар на кадар станува збор и кој партиски ешалон е во прашање.

Никој во Левица нема право да се коцка со тешко спечалената народна доверба и своите приватни интереси да ги става над јавните! Затоа, бараме итна и неотповиклива оставка на Стојчевска од функцијата „директор“ на Градската библиотека, а доколку тоа не го стори самата – јавно ја повикуваме Градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска, истата веднаш да ја разреши, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ИЈЗ: Регистриран прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

Европската организација за закони за игри на среќа (EOGL) со предупредување до Собранието: Оданочувате загуби и уништувате легален сектор, државата се соочува со милионски меѓународни арбитражи

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ