Левица: Инспекторката Зашовска наградена со унапредување поради заштитата на Бојан Христовски

Од:

Левица продолжува да објавува нови информации за партиската послушност и незаконското постапување на инспекторите во Просветниот инспекторат, кои единствено делуваат под партиска наредба. Просветната инспекторка Соња Зашовска (и поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба) е типичен приказ дека во партизираните институции напредуваат само партиските послушници, кои без приговор ги штитат незаконските дејанија на власта, велат од Левица.

– Имено, сознанијата на Левица се дека инспекторката Зашовска ескпресно добила унапредување во раководител, откако истата констатира дека нема пропусти во фалсификат дипломата на директорот на АНБ, Бојан Христовски. Потсетуваме дека Левица го објави скандалот со дипломата на Христовски, стекната на приватен универзитет во сопственост на поранешен вмровски градоначалник (универзитет кој единствено служи само за принтање дипломи за некадарните функционери од ВМРО-ДПМНЕ).

Ова не е изолиран случај на изигрување на законите кај инспекторката Соња Зашовска, која се стави во заштита и при незаконско унапредување на сдсмовски кадар на универзитетот ,,Визион” во Гостивар. Во овој случај, се работи за поранешната советничка на Славјанка Петровска – Весна Попоска. Попоска, иако докторирала на национална и меѓународна безбедност и меѓународни односи, сепак таа е избрана во звање доцент во научното поле правни науки.

И повторно, овој предмет завршува кај вмровската инспекторка Зашовска која врши инспекцисли надзор и го затвора случајот без констатирани недостатоци, како и со директорот на АНБ. Очигледно, поради заштитата при грубо кршење на законите и на вмровски и сдсовски кадри, инспекторката Зашовска добива унапредување за да продолжи да ги штити партиски инсталираните кадри во руинираниот систем. Молкот на министерката Јаневска за скандалите во Просветниот инспекторат потврдува дека инспекторите се под директна контрола на нејзината партија и дека наместо професионален кадар, испекторатот е дувло на партиски послушници.

Незаконските унапредувања на несоодветни кадри во образовниот систем само дополнително ја демотивира младата интелегенција да остане во Македонија. Владата на Мицкоски докажа дека деградацијата на образовниот систем продолжува под нивно менторство – и само партиските кадри просперираат во оваа држава, без разлика дали се од ДПМНЕ или СДС, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: На гостиварци им течел отров од чешмите, институциите потфрлиле

Левица: Недозволиво е Мицкоски да ја сведува државната реакција на флаширана вода и префрлање одговорност за Гостивар

А1он

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Левица: Европската престолнина на културата претставена со „Св. Сава“ и Букефал со пет нозе – Орце продолжува да го брука Скопје

Горан Наумовски

Левица: Европската Комисија го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Левица: Гостивар не се соочува со обичен дефект, туку со сомнение за свесно загрозување на јавното здравје