Левица: Градоначалниците на ДПМНЕ четири години не преземаа никаква акција за Вардариште

Од:

Изјавите на в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски и на кандидатот Орце Ѓорѓиевски, кои повторно ја користат депонијата Вардариште за предизборни манипулации и собирање евтини политички поени се трагикомични и провидни. Вистината е јасна, проблемот со Вардариште може да се реши веднаш, доколку постои политичка волја. Владата на ДПМНЕ има целосна можност да одземе ингеренции и соодветно да интервенира преку надлежните институции. Министерството за внатрешни работи може да ги санкционира сторителите кои палат оган, а инспекциските и управните органи имаат механизми за конечно решавање на проблемот, велат од Левица.

„Наместо да се бараат оправдувања и да се префрла вината во стилот на „немаме ингеренции“, да одговорат на граѓаните кои со право прашуваат: зошто градоначалниците на ДПМНЕ четири години ништо не направи? Зошто ветувањата од пред четири години за Вардариште останаа само празни зборови на хартија?

Левица потсетува дека загадениот воздух кој го дишат жителите на Аеродром и пошироко не смее да биде предмет на политички игри и маркетиншки трикови на најнеспособните градоначалници од редовите на ДПМНЕ. Граѓаните не заслужуваат лажни изговори и нови празни ветувања, туку итна и конкретна акција. Вардариште може и мора да биде решено веднаш, а не да се користи како политичка алатка од страна на ДПМНЕ пред секои избори, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира