Левица ги потврди носителите на листите за пратеници

Од:

Левица официјално ги потврди имињата на носителите на кандидатските листи за претстојните парламентарни избори. Лидерот, Димитар Апасиев ќе ја предводи листата во Изборната единица 1.

– Левица ги има вистинските носители на пратеничките листи во шестте изборни единици, кои се воедно и единствените, од севкупниот избор, кои немаат нанесено штета врз државата. Носител во ИЕ 1: Проф. д-р Димитар Апасиев, претседател на Левица, пратеник во Собранието на Република Македонија, доктор на правни науки, професор на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Носител во ИЕ 2: Амар Мециновиќ, портпарол на Левица, член на Президиумот на Партијата и член на Советот на Град Скопје, активист за социјална правда и зачувување на животната средина. Носител во ИЕ 3: Борислав Крмов, пратеник во Собранието на Република Македонија, член на Президиум на Левица и долгогодишен борец за социјална правда. Носител во ИЕ 4: Сашко Јанчев, магистер по кривично право, член на ЦК и советник на Левица во Општина Гевгелија. Повеќегодишен борец за заштита на животната средина со фокус на југот на државата и борбата за Кожув да е национален парк. Носител во ИЕ 5: Јована Мојсоска, дипломиран криминолог по финансиски криминал, генерален секретар на Левица и долгогодишен борец за социјална правда и заштита на животната средина и животните. Носител во ИЕ 6 – Игор Димески, раководител на Сектор за енергетика и советник на Левица во Општина Центар. Еднаш засекогаш ќе се спротивставиме на политичките елити кои управуваат со нашите животи и ќе ја вратиме политичката моќ во рацете на работничката класа, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица предлага закон за двојно зголемување на износот за поврат на ДДВ по физичко лице

Левица: Куќниот притвор на Груби прв резултат на обвинителството раководено од кадри на ДПМНЕ

Горан Наумовски

Мојсоска: Кој „не ги виде“ машините во изворот што ја снабдува Струга со вода?

Горан Наумовски

Левица: Со новиот закон за високо образование професори ќе можат да станат само децата на богатите

А1он

Левица: Претседателката Давкова да не го потпишува новиот закон за легализација на дивоградби

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев