Левица: ЕСМ стана најголем државен загубар откако има финансов директор-политиколог

Од:

Лошите кадровски политики на власта очигледно вродија со плод, па едно од најзначајните енергетски претпријатија АД ЕСМ, со кое раководи Лазо Узунчев, бележи рекорди во загуби. Откако минатата година АД ЕСМ ја заврши со загуба од 123 милиони евра (која е рекордна од постоењето на ова претпријатие), трендот на лошо менаџирање продолжи и во првиот квартал од 2025 година, со регистрирана загуба од фрапантни 45 милиони евра, велат од Левица.

„За Левица е скандалозен фактот што директорот за финансии во АД ЕСМ, Иван Стојановски е дипломиран и магистриран политиколог и оттаму јасни се сомнежите за неговата компетентност и стручност да го менаџира финансиското работење во ова стратешко важно претпријатие. Дел од “блескавите” резултати на директорот за финансии – Стојановски за минатата 2024 година се зголемените трошоци за надоместоци за директори и членови на управните одбори, за дури 50% споредбено со 2023 година!

Ваквото драконско зголемување на платите на директорите, во услови кога ЕСМ е најголем државен загубар, укажува само на расипничкото менаџирање на новото раководство под Узунчев, за кое единствен приоритет се личните привилегии. Се работи за надоместоци кои стигнуваат до износи од 2.500 евра, а во 2024 година за околу 15 милиони евра пораснал трошокот само за плати и надоместоци , во однос на претходната година.

Иако, поминаа повеќе од 8 месеци откако Лазо Узунчев е нов директор на ова претппријатие, раководството нема прикажано никаква стратегија, ниту пак резултати за консолидација на ова претпријатие, кое патем, 2022 и 2023 година ги заврши со добивка. Освен задолжувања на ЕСМ со скапи кредити по повисоки стапки од унгарскиот кредит, очигледно ниту директорот за финансии – политиколог нема во догледно време да ја стабилизира финансиската состојба во ЕСМ и очекувано е финансиските резултати на крајот од 2025 година да бидат уште позастрашувачки за најзначајната енергетска компанија“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира