Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Од:

Фактот што за само четири месеци се реализирани над 72% од планираниот буџетски дефицит е сериозен сигнал дека проекциите врз кои е скроен Буџетот за 2026 година биле или нереално оптимистички или политички мотивирани. Кога приходите потфрлаат уште во првиот квартал, а расходите продолжуваат со планирана динамика, тоа значи дека државата влегува во структурен јаз помеѓу фискалните амбиции и реалната економска база, велат од Левица.

– Владата се обидува ова да го претстави како нормална работа за која што ќе следи ребаланс но бројките зборуваат поинаку. Ребаланс во услови кога веќе во април се исцрпени речиси три четвртини од годишно планираниот дефицит не е техничка корекција туку признание дека економската политика е промашена.

Особено загрижува фактот што потфрлањето кај приходите доаѓа токму кај клучните даночни категории: ДДВ, акцизи и персонален данок. Ниската реализација на ДДВ и акцизите укажува на забавување на домашната потрошувачка и слабеење на економската активност, додека слабата наплата на персонален данок дополнително потврдува дека растот на платите и вработеноста не го следи наративот на Владата.

Наместо да се адресираат структурните проблеми како неданочење на најбогатите, политика на рамни даноци, зависност од увоз, ниски плати и растечка ценовна нестабилност, Владата повторно се потпира на задолжување и краткорочно управување со ликвидност. Ова е класичен модел на социјализација на кризата: профитите остануваат приватни, а товарот од фискалните промашувања се префрла врз граѓаните преку инфлација, нов долг и идни рестрикции.

Дополнително, проекцијата за инфлација од 2,5% и раст од 3,9% веќе изгледа целосно невозможна. И самата Народна банка ги ревидира очекувањата надолу што значи дека Буџетот бил поставен врз нереални претпоставки уште од старт.

Потребна е сосема поинаква економска парадигма: прогресивно оданочување на високите приходи и капиталот, повисоки плати, посилна индустриска политика и таргетирани јавни инвестиции. Во спротивно, ребалансот што доаѓа нема да биде решение туку само административна потврда на веќе започнатата економска ерозија, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Димитриеска Кочоска: Владата го усвои Предлог-буџетот за 2027 година – особено значаен сегмент се капиталните инвестиции

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал